Свет

Австралија ги легализираше истополовите бракови: „Ден за љубов, квалитет и почит“

7. декември 2017 - 9:51 | К.З.

Парламентот на Австралија гласаше за легализација на истополовите бракови на територија на целата држава, по долгата и напорна дебата која ги подели пратениците.

Премиерот Малколм Турнбул го прогласи овој ден за „ден за љубов, квалитет и почит“, откако Парламентот изгласа законот за брак да биде променет од „брак помеѓу маж и жена“ во „брак помеѓу двајца луѓе“.

Целиот Парламент аплаудираше по одлуката дека Австралија станува 26-та земја во светот која ги признава истополовите бракови. Законот за истополови бракови ќе стапи на сила во сабота, а првите бракови од овој тип ќе можат да бидат официјализирани веќе во јануари следната година, бидејќи треба да помине период од еден месец од донесувањето на законот до самата негова примена.

„Каков ден. Каков ден за љубов, за еднаквост, за почит. Време е за повеќе бракови, повеќе љубов, повеќе почит. Ова ни припаѓа на сите нас. Ова е Австралија“, изјави премиерот на Австралија, Малколм Турнбул.

Австралијците претходно ги поддржаа истополовите бракови преку референдум кој беше одржан неодамна.

Коментирај