Австралија ќе лансира сателит за откривање пожари

Како што се покажа во последно време, пожарите во зафрлените делови на Австралија може да горат со часови и да се шират со голема брзина пред некој да ги забележи, а додека да пристигнат пожарникарите, се прави огромна штета. Сепак, Австралијците се обидуваат да го решат проблемот.

Австралиските пожарникари се обидуваат поефикасно да откриваат пожари со употреба на нови методи. Повеќето пожари се пријавуваат преку бројот за итни случаи Tripple Zero (000), што овозможува контактирање со полицијата, пожарникарите и брзата помош.

Сепак, новиот систем може да им помогне на пожарникарите поефикасно да се справат со пожарите, а на него работи и компанијата Fireball со седиште во Квинсленд. Станува збор за специјален сателит што ќе открива пожари во Австралија.

Компанијата Space Machines, австралиски провајдер на вселенски транспорт, потпиша договор според кој ќе лансира сателит во орбитата користејќи ракета Optimus-1.

Сателитот треба да биде лансиран за една година и ќе стане првиот од вкупно 24 што ја следат ситуацијата над Австралија. Системот ќе може да открие пожар три до пет минути по неговото настанување и ќе им овозможи на пожарникарите брзо да ги проценат условите и да реагираат.

Сателитот ќе работи преку компјутер, споредувајќи ги неодамнешните снимки со нови и со тоа ќе открие пожари.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Read more

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Read more

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Read more

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Read more
 

Гик

  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе