Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Австралија би можела да стане првата држава на светот кој во целост ќе го искорени ракот на грлото на матката, соопшти Меѓународното здружение за борба против папилома вируси.

Ново истражување, чии резултати се објавени во неделата, покажува дека програмата за бесплатна вакцинација, која се спроведува од 2007 година во Австралија, довела до драстично намалување на можноста за развој на овој вид на рак во иднина.

ХПВ е сексуално пренослива инфекција која претставува причина за рак на грлото на матката, во 99,9 отсто од случаите.

Сојузната влада на Австралија, од 2007 година спроведува бесплатна програма за вакцинација на девојчиња на старост меѓу 12 и 13 години. За девојките и младите кои се надвор од таа старосна група, обезбедени се две бесплатни дози на вакцини.

Процентот на жените во Австралија меѓу 18 и 24 години кои имале ХПВ значително опаднал, односно во периодот од 2005 до 2015 година, од 22,7 се намалил на само 1,1 отсто.

Стапката на имунизација уште се зголемила од 2015 година, што е причина за она што научниците го опишуваат како ефект на „заштита на популацијата“.

Здравствената состојба, кога е ХПВ во прашање, е лоша во земјите во развој, каде стапката на заболени е многу висока.

„Две третини од женската популација во светот немаат пристап до она што го имаат жените во Австралија. Ако не се направи нешто на тој план, тоа ќе остане еден од најопасните видови на рак во земјите во развој“, вели Џо Тума, извршен директор на Австралиската фондација за борба против рак на грлото на матката.

Иако давањето на бесплатни вакцини се чини како скапа мерка, австралискиот пример докажува дека вакцинацијата би можела да ги намали трошоците кои подоцна ќе настанат при лечење на овој вид на карцином.

реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

Здравје

Утрински еликсир што ги исфрла токсините од телото

Read more

Престојот на море не е само одмор: Како влијае на телото, кожата и расположението

Read more

Кои житарици треба да ги јадете за појадок ако имате покачени триглицериди?

Read more

Дали е безбедно да пиете вода од шише оставено во жежок автомобил?

Read more

Магазин

Утрински еликсир што ги исфрла токсините од телото

Читај повеќе

Престојот на море не е само одмор: Како влијае на телото, кожата и расположението

Читај повеќе

Трик за сочно и меко печено пилешко

Читај повеќе
  • filter

Истанбул е дом на најдобрата зелена библиотека во светот

Читај повеќе

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Читај повеќе

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Читај повеќе

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Читај повеќе
  • play_arrow

Кремаст колач со мак и овошје

Читај повеќе

Секојдневни активности што можат да согорат повеќе калории

Читај повеќе