Свет

Австралија на удар на два моќни циклони во исто време

23. март 2019 - 11:25 | МИА

Канбера, 23 март 2019 (МИА) – Моќниот тропски циклон Тревор го погоди денеска северното крајбрежје на Австралија, носејќи со себе поројни дождови и силен ветер, кој наместа дувал со брзина и до 250 километри на час.

Како што јави BBC, во моментот кога Тревор пристигнал до австралискиот брег бил на ниво на ураган од четврта категорија, поради што властите прогласија вонредна состојба во областите кои се очекува да се најдат на удар на циклонот.

Засега нема информации за предизвикани материјални штети и евентуални жртви при налетот на Тревор.

Метеоролозите најавија дека по Тревор, вечерва по локално време западните делови на Австралија ќе бидат погодени од циклонот Вероника.

Поради двата циклони властите веќе евакуираа илјадници лица.

Австралиските медиуми наведуваат дека ова е втор пат во историјата на Австралија, таа во исто време да биде погодена од два циклони.

Коментирај