Додека траеше една од најголемите бури во историјата на Австралија со ветрови од 260 километри на час, локалните жители не само што не беа вознемирени, туку беа екстра инспирирани.
Некои се журкаа на плажа, други пишуваа пораки до циклонот Деби, некои со позитивен, некои со негативен тон кон Деби.
Некои немаа попаметна работа (на пример да се скријат на безбедно место додека траеше опасноста), па снимаа кенгури како боксуваат на плажа.
Сепак, херој (или будала) на денот беше еден (најверојатно пијан) Австралиец, кој се обиде да сурфа во океанот додека траеше бурата.