Лариса Вотерс е политичарката во Австралија која на светот му е позната како првата жена која доела во парламент, но таа без пардон исто така застана да зборува додека ја дои својата ќерка.
Вотерс вели дека нејзината ќерка била гладна и немало потреба да ја вознемирува и прекинува само затоа што мама работи.
„Жените од секогаш работеле. Дали тоа било дома и не им се плаќало или на работно место за плата. Се надевам дека ова ќе ја разбие стигмата за доење додека сте на работа“ изјави таа.