Австралиски научници направија голем пресврт во борбата против корона вирусот

Научници во Австралија успеаја да развијат корона вирус во лабораторија, што претставува голема пресвртница во глобалната борба против овој вирус, јави австралискиот ABC News.

Овој извонреден потфат ќе им овозможи на научниците да утврдат дали некоја идна вакцина ефикасно ќе делува против вирусот, изјавија експерти од Институтот за инфекција и имунитет „Питер Доерти“.

Австралијците со тоа станаа втора лабораторија во светот, после една во Кина, која успеала да го развие вирусот. Но, за разлика од Кинезите, кои го објавија „само“ генетскиот код на вирусот, тие своето откритие веднаш ќе го поделат со Светската здравствена организација, која ќе го проследи до лаборатории низ светот кои се вклучени во развој на вакцина за корона вирусот.

Научниците вирусот го развиле од пациент кој бил заразен минатиот петок, а екипа на ABC била во лабораторијата во моментот кога вирусот бил успешно култивиран. Заменикот на директорот на институтот, Мајк Катон успехот го искоментирал кусо, со три зборови:

– Го имаме. Фантастично!

Докторот Катон рече дека ова откритие е од „витална важност“ и оти ќе стане клучен дел во процесот на развивање вакцина, со оглед на тоа што научниците ќе можат да ја тестираат секоја потенцијална вакцина против лабораториската верзија на вирусот.

– Корона вирусот е опасен, убива некои луѓе, но не е смртоносен, како на пример, еболата. Но, раната дијагноза е многу важна затоа што на здравствените служби низ светот им дава подобра шанса да го запрат неговото ширење или барем неговата јачина, изјави Катон.

Тој напомена и дека е очигледно оти овој корона вирус е помалку смртоносен од САРС.

– Околу 10 проценти од заразените со САРС починаа, додека во овој случај таа бројка е околу три проценти. Јас мислам дека таа бројка всушност е многу помала, заклучи Катон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе