Австралиски сенатор за нападите во Нов Зеланд ги обвини „муслиманските имигранти“

Сиднеј, 15 март 2019 (МИА) – Австралискиот сенатор Фрејзер Анинг го навлече бесот на австралиската и новозеландската јавност поради неговите коментари дека „муслиманските имигранти“ се виновни за денешниот напад на две џамии, во кои загинаа најмалку 49 лица.

Сенаторот од Квинсленд изјави дека „вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денеска е програмата за имиграција која на муслиманските фанатици им дозволила да се преселат на Нов Зеланд”.

„Иако ова одмазничко насилство не може да се оправда, она што треба да се нагласи е растечкиот страв во нашата заедница, како во Австралија така и во Нов Зеланд поради зголеменото присуство на муслимани”, наведе тој во изјавата.

„Дали некој сè уште ја оспорува врската меѓу муслиманската имиграција и насилството? Се прашувам дали ќе има толку многу бес од левото крило кога ќе се случи следниот муслимански терористички напад? Најверојатно ќе замолкне и ќе зборува за напади извршени од „осамен волк, ментална болест и дека сето тоа нема врска со исламот”, додаде тој.

Премиерот на Австралија Скот Морисон прв ги осуди националистичките ставови на сенаторот.

– Забелешките на сенаторот Фрејзер Анинг, кој за смртоносните напади извршени од насилен, десничарски, екстремистички терорист во Нов Зеланд ја обвини имиграцијата се одвратни, рече тој.

– За вакви ставови нема место во Австралија, а не пак во австралискиот парламент, истакна премиерот Морисон.

Лидерот на опозицијата, Бил Шортен, рече дека сенаторот Анинг „заслужува презир и осуда од пристојните луѓе од секаде”. – Тој не зборува во името на нашиот парламент или нашата земја, потенцираше Шортен.

Поранешниот премиер Малколм Турнбул ги нарече коментарите вредни за презир.

– Тој е срам за Сенатот и што е полошо, со ширењето омраза и со тоа што ги врти Австралијците едни против други, го прави токму она што терористите го сакаат, рече тој.

Сенаторот Енинг и претходно давал слични изјави. Минатата година во август во своето обраќање пред Парламентот тој повика на забрана за муслиманска имиграција и побара враќање на политиката на Бела Австралија. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе