СТРЕМЕЖ КОН КЛИМАТСКА НЕУТРАЛНОСТ

Австрија годишно ќе инвестира една милијарда евра во обновлива енергија

Австрија одлучи да инвестира една милијарда евра годишно до 2030 година за да го зголеми производството на обновлива енергија и целосно да ги укине фосилните горива.

„Поставуваме основа за климатска неутралност“, рече министерот за животна средина, Леонор Гевеслер, пред Парламентот кој вчера го донесе Законот за зелена транзиција.

Владејачката коалиција на конзервативната Австриска народна партија (OeVP) и Зелените сака значително да го зголеми производството на електрична енергија во фотоволтаични системи и ветерни електрани бидејќи хидроенергијата е веќе широко застапена.

За да се компензира намалената употреба на фосилни горива и да се задоволат енергетските потреби, производството на зелена електрична енергија мора да се зголеми за 27 терават часови.

Владата очекува да се отворат до 100.000 работни места

Владата го смета договорениот пакет за финансирање како прв чекор што би требало да поттикне повеќе од 30 милијарди евра инвестиции во зелениот сектор и предвидува дека ќе се отворат 100.000 нови работни места.

Инвестициите ќе бидат финансирани со зголемување на годишниот надоместок за зелена електрична енергија што ќе го плаќаат домаќинства од околу 100 на 115 евра. Домаќинствата со ниски примања ќе плаќаат 75 евра.

Законот беше поддржан од сите партии, освен крајно десничарската Партија на слободата на Австрија (FPOe), чиј портпарол за енергетика Аксел Кастегер предвиде во Парламентот дека Австрија сепак ќе мора да увезува фосилни горива во текот на зимата, дури и ако целосно ги реализира планираните инвестиции.

Тој исто така предупреди дека фотоволтаичните системи ќе опфаќаат земјоделско земјиште и со тоа ќе ја спречат неговата употреба.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе