Австрија има најчиста вода за капење во Европа

Според извештајот за водите за капење, речиси 85% од местата за капење во Европа се рангирани како „одлични“.

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во јуни објави извештај за квалитетот на европските води погодни за пливање. Според него, прогласена е најдобрата земја во Европа за пливање, а интересно, таа нема ни море. Според извештајот, речиси 85% од водните басени во Европа се рангирани како „одлични“, пренесува CNN.

Годишниот извештај за водата за капење следеше речиси 22.000 места за капење во внатрешноста и крајбрежјето во земјите-членки на ЕУ, како и Албанија и Швајцарија. Земјите не мора да имаат излез на море за да влезат во оваа листа, бидејќи се земаат предвид и езерата и другите области за капење. Обединетото Кралство, кое го напушти ЕУ, за прв пат беше изоставено од извештајот.

Австрија, земја без море, позната по многуте прекрасни езера, вклучувајќи ги алпските води на езерото Ахен во Тирол и езерото Вајсен со смарагдна нијанса, е на врвот на рангирањето. Дури 97,7% од неговите води се прогласени за одлични.

Веднаш по Австрија во првите пет се: Малта, Грција, Хрватска и Кипар. Португалија е на 10. место со 88,5%, а потоа следуваат Италија и Шпанија. Дестинацијата атрактивна за туристите, Франција, заостанува во рангирањето со 75,7%. Најниско е рангирана Полска, со само 44,5% од местата за капење со добар квалитет на водата.

За да се дојде до овие резултати, Европската агенција за животна средина во соработка со Европската комисија направи проценка со тоа што локалните и националните власти земаа примероци од водата за време на сезоната на капење и анализираа присуство на бактерии кои укажуваат на загадување од канализацијата и сточарството.

реклама

Вести

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Read more

Кратка историја на најпознатата библиотека - во Александрија

Read more

Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Read more
 

Гик

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Читај повеќе

Кратка историја на најпознатата библиотека - во Александрија

Читај повеќе

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Читај повеќе

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Читај повеќе