Австрија ќе испрати 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Австрија денеска соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози од вакцината на Pfizer во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија.

Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следена од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози.

Европската комисија  во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини. Австрија рече дека ќе дејствува како координатор на механизмот за Западен Балкан и дека по првата распределба на дозите може да следува и втора.

– Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот настрана, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција.

Австрија посредуваше во договорите меѓу Pfizer и земјите приматели, соопшти Министерството за надворешни работи и најави дека исплатата на овие вакцини е 11 милиони евра. Дозите на вакцини ќе се плаќаат од средства за помош на ЕУ или потенцијалните земји кандидати.

– Ова не е поврзано со набавка на вакцини во Австрија и другите земји-членки на ЕУ, рече Шаленберг, чија влада се справува со растечката јавна фрустрација поради бавната вакцинација.

– Овие дози не доаѓаат од националната квота. Ова се дозите што ЕУ експлицитно ги зачува на почетокот со цел да им ги испрати на своите партнери, потенцираше австрискиот министер. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе