Австрија: Нови строги мерки само за невакцинираните

Новиот австриски канцелар Александар Шаленберг и министерот за здравство Волфганг Мукштајн свикаа прес-конференција во владиното седиште во Виена, каде што презентираа ново заострување на мерките за заштита од коронавирус, што, како што истакнаа, само за невакцинираните Австријци, по договор со водачите на девет австриски провинции.

„Едногласно се согласивме да воведеме две дополнителни нивоа во постоечкиот корона план (со три нивоа) мерки за заштита од пандемијата на коронавирус“, рече Шаленберг. „Пандемијата сè уште не е зад нас, иако имаме доволно вакцини“, рече тој, додавајќи:

„Без никаква потреба, се најдовме во четврт бран со невакцинираните.“

Австрискиот канцелар особено нагласи дека новите мерки и ограничувања „не се однесуваат на вакцинирани и прележани“, туку само на невакцинирани лица. Тој повторно апелираше до невакцинираните да се вакцинираат, бидејќи мора да бидат свесни за „големата одговорност“ што ќе ја имаат доколку не се вакцинираат.

„Вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата“, им рече тој на неодлучните.

Осврнувајќи се на огромниот пораст на бројот на новозаразени во последните денови, над 3.000 дневно, Шаленберг рече: „Се наоѓаме во пандемија во која се сопнуваме на невакцинираните“.

Деталите за новите мерки ги претстави министерот за здравство Мукштајн.

Главниот параметар за премин од една фаза во друга е оптовареноста со пациенти на корона одделенијата за интензивна нега. Австрија моментално е на 1 степен со 224 пациенти на интензивна нега. Второто ниво ќе се воведе кога единиците за интензивна нега ќе се полнат со 300 пациенти, а третото со 400.

Со новововеденото четврто ниво и 500 кревети за интензивна нега, што значи оптоварување за интензивна нега од 25 проценти, сегашните мерки се заоструваат. Само оние кои се вакцинирани и оние кои биле заразени и прележале COVID-19 можат да одат во ресторани, кафулиња и други угостителски објекти, како и хотели, настани и во посети на болници и домови за стари лица. Покрај вакцинираните и прележаните, на работното место може да дојдат и лица со негативен ПЦР тест.

Со петтиот степен на заштитни мерки и зафатеноста на 600 кревети на интензивна нега, односно 30 отсто од преоптовареноста на капацитетите на одделенијата за интензивна нега, стапува на сила досега најстрогиот режим за невакцинираните.

За невакцинираните се воведува локдаун и тие ќе можат да излегуваат само во исклучителни случаи, за на работа, да купуваат намирници или да се грижат за блиско лице.

Деталите за одлуката ќе бидат објавени подоцна во текот на денот, рече Мукштајн. Тој уште еднаш апелираше до невакцинираните граѓани утре да аплицираат за вакцинација и со тоа „да се заштитат себе си, своите најблиски и сите други“ од коронавирусот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе