Жителите на Австрија кои одбиваат задолжителна вакцинација против коронавирусот може да бидат парично казнети до 7.200 евра или со неколку недели затвор.

Оние кои ќе даваат отпор за вакцинација може тоа скапо да го платат, пишува Die Presse. Ако биде усвоен законот кој на сила би стапил во февруари, а кој ќе се однесува на сите постојани жители на оваа земја, секој кој нема да се појави на закажан термин за вакцинација ќе добие официјален повик од локалните власти.
Доколку и тогаш не се појави, ќе следи втор повик во следните четири седмици и ако повторно биде игнориран, тоа лице ќе мора да плати казна од 3.600 евра или ќе мине четири недели во затвор. Казната ќе се зголеми на 7.200 евра за оние кои двапати ја игнорираат вакцинацијата.
Исклучок ќе бидат оние не можат да се вакцинираат поради „опасност по здравјето и животот“, како и за трудници и деца до 12 години. Според законот, вакцинацијата ќе биде задолжителна. Министерството за здравство за задача има да ги одреди интервалите меѓу вакцинацијата, како и можни комбинации за вакцина.
Владата ќе одреди кои се сметаат за вакцинирани, односно дали оние кои го прележале вирусот ќе бидат сметани за вакцинирани. Засега нема да има принудно водење на вакцина. За законот за задолжителна вакцинација ќе се разговара денеска во канцеларијата на австрискиот канцелар.
Ако биде усвоен, законот ќе биде на сила најмалку 3 години.