Претседателката на Судот за ревизија на Австрија, Маргит Кракер, бара воведување забрана за предвремени парламентарни избори.
Во интервју за австрискиот „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека мандатот на владата и министрите на сојузно ниво треба да се фиксира на 4 години, а право да го распушти собранието да има само претседателот, и тоа во вонредни ситуации.
„Министрите се избрани на одреден мандат и нивната задача е да ѝ служат на земјата“, подвлекла Кракер и додала дека нејзиниот предлог се однесува само на сојузно ниво бидејќи на ниво на покраини не постојат постојани закани за предвремени избори.