Веќе неколку месеци е познато дека Австријците воведоа дневна вињета која чини 8,60 евра за да овозможат поповолен премин низ нивната земја.

Сепак, од 22 ноември ваквите и сите други вињети ќе бидат достапни дигитално.
Тоа значи дека вињетата повеќе нема да треба физички да се прикачува на шофершајбната на автомобилот, туку вашиот регистарски број ќе се запише во централниот систем, а проверката се врши автоматски.
Она што е одлично за овој систем е фактот што сопственик на вињетата е корисникот на возилото. Со други зборови, ако за време на траењето на вињетата го промените вашиот автомобил и регистрација - што не е редок случај за луѓе кои користат службени автомобили - можете да ја префрлите тековната вињета на нова регистрација во системот. Додуша ќе ве чини 18 евра, но бидејќи цената на годишната вињета е 96,40 евра, апсолутно вреди.
Исто така, во апликацијата преку која можете да купите вињета, можно е да се програмира и нејзино автоматско продолжување, со што се елиминира не реткиот случај едноставно да заборавите да купите нова вињета во новата година.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА.