Австриска министерка критикувана оти го поканила Путин на свадба

Виена, 16 август 2018 (МИА) - Најавеното доаѓање на претседателот на Русија Владимир Путин на свадба на шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел наиде на критика на пратеникот од Зелените во Европскиот парламент Мишел Рејмон и Украина.

Рејмон побара оставка од министерката Канјсел, бидејќи го повикала Путин на својата свадба, не уважувајќи го објаснувањето дека свадбата е приватна работа, и дека Путин на неа ќе биде приватно.

-Тиранинот никогаш не е „приватен“, порача тој.

Рејмон вели дека австриската влада во ЕУ ја сметаат за продолжена рака на рускиот режим во Унијата и оти министерката со поканата на шефот на руската држава ја загрозува репутацијата на земјата.

Критиката стигна и од Украина, каде што претседавачката со надворешно политички одбор на парламентот Хана Хопко на Твитер напиша дека Австрија „од денес не може да биде повеќе посредник во Украина“.

Таа, во пораката истакна дека свадбената покана за Путин, иако се работи за приватна прослава, таа земја не може повеќе да се смета за неутрална.

На Фејсбук додаде дека шефицата на австриската дипломатија „им задала јасен шамар на европските вредности“.

Министерството за надворешни работи на Австрија порача дека се работи за приватна прослава и лична посета, на основа на која не се менуваат надворешнополитичкото позиционирање на Австрија.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе