Свет

Австрискиот шпион за Русија работел во Министерството за одбрана

10. ноември 2018 - 10:43 | МИА

Пензионираниот офицер од австриската војка кој е осомничен дека со децении шпионирал за Русија, работел во Министерството за одбрана на Австрија, објави виенски „Profil“.

Неделникот нагласува дека тој имал пристап до доверливи информации. Шпионот е откриен врз основа на информации од „пријателска“ странска разузнавачка служба, а „Profil“ наведува дека се работи најверојатно за германската воена служба МАД.

Првиот контакт на австрискиот полковник и руските служби бил во 1988 година за време на негова посета на Техеран каде е врбуван и потоа три децении испраќал информации за Русите за што примил 300.000 евра.

Москва пред се ја интересирале информации за европските борбени авиони „eurofighter“.

Секои две недели одржувал контакти со својата руска врска под името Јуриј, наведува „Profil“.

Коментирај