Автобус слета во провалија во Црна Гора, загина британски државјанин, другата жртва неидентификувана

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на главниот пат Цетиње – Будва кога автобус на компанијата „Паповиќ“ слета во провалија долга 15 метри. Во автобусот имало 27 патници.

Елеваторот кој пристигна од Подгорица го извлече автобусот од провалијата. Од Службата за заштита и спасување од Подгорица за порталот РТЦГ информираат дека под автобусот не се пронајдени повеќе тела, како што претходно се стравуваше.

Како што соопшти дежурната обвинителка Анѓа Радовановиќ, едното настрадано лице е државјанин на Велика Британија, а другото женско лице е неидентификувано.

Remote video URL

Дежурната државна обвинителка Анѓела Радовановиќ соопшти дека на лице место излегла со вештаци од машинската и сообраќајната струка.

„Утврдивме дека 22-ца се повредени, девет се префрлени во КЦЦГ, двајца загинале. Возачот моментално се наоѓа во болницата во Цетиње, по што поради повредите ќе биде префрлен во КЦЦГ“, изјави Радовановиќ.

Таа додава дека прелиминарните податоци покажуваат дека немало контакт со друго возило.

Remote video URL

Началникот за операции на Службата за заштита и спасување на Цетиње, Марко Поповиќ за медиумите изјави дека повикот го добиле околу 12:11 часот.

Автобусот го возел Н.С од Никшиќ, а билетот од Никшиќ за Котор утрово го купиле четири лица. Возачот е хоспитализиран, а од него ќе биде земена изјава за околностите на несреќата. Како што дознаваме, не е исклучена можноста тој да биде лишен од слобода.

Полициската управа на ОКЦ соопшти дека се уште се утврдуваат деталите за несреќата.

Автобусот на компанијата „Паповиќ“ требало да превезува патници на релација Никшиќ – Подгорица – Цетиње – Будва – Котор.

Автобусот тргнал од Никшиќ во 9:44 часот.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Регион

Курти: Целта на нападот во Бањска беше анексија на северот на Косово и коридор кон Србија

Read more

Шефовите на дипломатиите на Хрватска, Австрија и Словенија: Западен Балкан во ЕУ што е можно поскоро

Read more

Се појави вознемирувачко видео од загинувањето на еден од тројцата Срби во Косово

Read more

Вучиќ: Направија сѐ за да ја уништат Србија, но ќе победиме

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе