Патнички воз на релација од Ферол за Мадрид излетал од шините откако во него удрил автомобил и машиновозачите загубиле контрола.
Автомобилот се нашол на пругата откако паднал од мост под кој минувал возот. Судирот се случил близу градот Самора во регионот Кастиља и Леон, близу границата со Португалија.
„Возот Alvia, доаѓајќи од Ферол, го прегази автомобилот со трагичен исход. Возачот на автомобилот и еден од машинозозачите ги загубија животите“, вели Хавиер Искјердо, владин делегат од Кастиља и Леон.