Хроника

Автомобил удри во пешак во Ѓорче Петров

14. февруари 2018 - 12:30 | Макфакс

Четириесет и тригодишна жена е тешко повредена кога во неа удрил автомобил. Несреќата се случила вчера на улицата „Мајски манифест“ во Ѓорче Петров.

Вчера околу 21:05 часот во Скопје на улица Мајски манифест, М.С.(44) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило Dacia Logan со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Т.Ш. (43) од Скопје. Т.Ш. со возило на итната медицисна помош е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди и надвор од животна опасност е задржана на понатамошно лекување, информира МВР.

Од таму додаваат дека на местото на несреќата извршен е увид.

Коментирај