Тешко повреден е малолетен велосипедист, откако во него удрил автомобил.
Несреќата се случила синоќа попладнето на крстосницата од ул. „Индира Ганди“ и ул. „Бутелски венец“ во Скопје, кога автомобил марка Nissan со скопски регистарски таблички, управуван од Р.Б. (57) од с. Дејковец, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.