ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Новите автомобили со мотори со внатрешно согорување ќе може да се регистрираат во Европската Унија по 2035 година, според најновите информации што ги споделија официјалните лица.

При повторното оценување на граничните вредности на емисиите за возниот парк, ЕУ ќе ги земе предвид „сите технолошки достигнувања“, вклучувајќи ги и новите автомобили што имаат мотори со внатрешно согорување на е-горива и биогорива, изјави комесарот за транспорт Апостолос Цикикостас во интервју за германскиот весник Handelsblatt.

Оваа мерка треба да стане дел од „Автомобилскиот пакет“, со кој Комисијата на ЕУ сака да ја зајакне автомобилската индустрија и да обезбеди европска конкурентност.

За корпоративните возни паркови, Цикикостас вели дека ќе се воведе правило „Купувајте европски“, а Европската Унија сака да промовира и попристапен модел на почетно ниво што треба да ја зголеми побарувачката за електрични автомобили.

Да потсетиме дека првичната одлука за забрана на моторите со внатрешно согорување во ЕУ по 2035 година беше донесена како дел од Регулативата на ЕУ за граничните вредности на емисиите на CO2.

Сепак, многу производители (од кои најгласните се германските) беа за постигнување договор со кој автомобили со хибриден погон или електрични автомобили со продолжувач на домет (range extender) би можело да се регистрираат и по 2035 година.

Станува збор за возила што работат главно на електрична енергија, но имаат и мал мотор со внатрешно согорување како помошен генератор. Сè уште не е јасно што ќе се случи со тој предлог, односно дали ќе биде прифатен или не.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Авто новости

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Read more

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Read more

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Read more
 

Автомобили

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Читај повеќе

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Читај повеќе
  • filter

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Читај повеќе

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi EV ја надмина целта за 2025 година: Производните ленти „летаат“

Читај повеќе

ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Читај повеќе

Кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе

Дали зрачењето во електричните автомобили е опасно?

Читај повеќе