Ford најавува „возбудливи нови модели“ за Европа

Ford го прекина својот последен модел на класичен автомобил во Америка во 2020 година, а потоа го примени истиот рецепт во Европа, елиминирајќи ги Mondeo, Fiesta и, неодамна, Focus. Погреши.

Со заминувањето на Focus, дојде крајот и за фабриката во Сарлуис, па Ford во моментов повеќе не нуди класичен патнички автомобил ниту во САД ниту во Европа. Сега производителот нагласува дека темата за автомобили сè уште не е затворена.

Имено, во средината на телевизиските документарци по повод 100-годишнината од Ford во Германија, станува јасно колку работниците во Келн се мачат со електричните модели Explorer и Capri, но и колку им недостига Fiesta, чие производство згасна во 2023 година. Во 2025 година, Ford падна на пазарен удел од 3,8 проценти во Германија, вклучувајќи околу 17.000 продадени единици на Focus. Оваа година сигурно ќе има понатамошен пад.

За време на конференцијата за аналитичарите и инвеститорите на Forf за четвртиот квартал од 2025 година, извршниот директор Џим Фарли рече дека компанијата има „возбудливи планови за Европа“ кога станува збор за патнички автомобили. Како што првично објави Ford Authority, Фарли навести дека Ford ќе „биде многу внимателен во одредени сегменти, каде што лежат нашите силни страни“.

Точно што значи тоа останува нејасно. Во јули 2025 година, Ford ги информираше европските дилери дека неколку нови модели треба да пристигнат во 2027 година. Компанијата планира да инвестира во повеќе возила, од хибриди до целосно електрични автомобили.

Ford веќе има стратешки партнерства во Европа со неколку производители на автомобили, вклучувајќи го и Фолксваген, првенствено во областите на електрични возила и лесни комерцијални возила. Оваа соработка потенцијално би можела да резултира со мал електричен компактен автомобил, базиран на платформата MQB на Volkswagen, пандан на Volkswagen ID.3.

Дополнително, Ford неодамна склучи договор со Renault за да донесе на пазарот два модели развиени и произведени од францускиот производител. Првото возило од оваа соработка се очекува во 2028 година и ќе биде базирано на електричната платформа Ampere на Renult. Ова отвора можност за нова Fiesta изведена од Renault 5 или Nissan Micra.

Најинтересната опција е онаа за која се шпекулира дека е Geely. Според овие извештаи, Ford е во преговори со кинескиот концерн за производство на возилата во фабриката на Geely во Валенсија, Шпанија, со цел да се избегнат европските царини. Ниту една од компаниите сè уште официјално не ги потврдила заедничките планови за развој.

Враќањето на патничките автомобили не е ограничено само на Европа. Ford, наводно, планира и нови патнички модели за американскиот пазар.

На неодамнешниот состанок на дилерите во Лас Вегас, Ендру Фрик, претседател на Ford Blue и Model E, рече дека компанијата ќе има нова моделска линија што ќе вклучува „автомобили, пикапи, теренски возила и комбиња“ до 2030 година. Овие модели, според извештаите, треба да чинат помалку од 40.000 долари и да понудат повеќеенергетски погони, слични на она што Ford го најавува за Европа.

Останува многу да се види за идните патнички автомобили на Ford за САД и Европа, но дополнителни детали треба да бидат познати подоцна оваа година. Доколку Ford може да понуди конкурентни автомобили во ценовниот опсег од 30.000 евра и под нив, тоа би значело враќање на позициите што ги држеше до неодамна. Во спротивно, фабриката во Келн би можела да ги затвори своите врати.

Тагови
реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Авто новости

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Read more

Dacia го претстави Striker, кросовер со почетна цена од помалку од 25.000 евра

Read more

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Read more

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Автомобил на иднината: Renault со вграден алкотест

Читај повеќе

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Читај повеќе
  • filter

Dacia го претстави Striker, кросовер со почетна цена од помалку од 25.000 евра

Читај повеќе

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Читај повеќе

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Читај повеќе

Како безбедно да престигнете камион долг повеќе од 50 метри?

Читај повеќе

Peugeot го освежи 408: Што е ново?

Читај повеќе

Директорот на Stellantis за една година заработил колку просечен работник за 82 години

Читај повеќе

Volkswagen испорача два милиони електрични возила

Читај повеќе