Ford замени инженери со вештачка интелигенција, па се покаја

Откако автоматизираните паметни камери и алатките за вештачка интелигенција се покажаа како целосно промашување во контролата на квалитетот на производството, автомобилскиот гигант Ford ја призна грешката и веднаш врати на работа повеќе од 300 искусни инженери.

Веста за отпуштање на работници поради вештачка интелигенција стана секојдневна појава меѓу гигантите како што се Amazon и Meta, но и меѓу многу помалите компании. Сепак, сценарио во кое една од најголемите компании во светот признава грешка и враќа луѓе на работа е вистинска реткост, a се случи во автомобилската индустрија.

Како што објави Bloomberg, Ford официјално врати на работа повеќе од 300 искусни инженери откако автоматизираните алатки за вештачка интелигенција се покажаа како целосно промашување во контролата на квалитетот.

Големиот експеримент започна во октомври минатата година, кога директорот за операции на компанијата, Кумар Галхотра, гордо го најави масовното воведување на технологијата за вештачка интелигенција низ целиот индустриски систем. Ова вклучуваше инсталација на 900 паметни камери во фабриките кои требаше автоматски да детектираат грешки во производството и да спречат застој.

Сепак, плановите на администрацијата наскоро пропаднаа. Потпретседателот на Ford за хардверско инженерство, Чарлс Пун, отворено призна дека на автоматизираните алатки за вештачка интелигенција хронично им недостига обука и експертиза од живи, искусни инженери. Вештачката интелигенција почна да пропушта грешки, што доведе до сериозни проблеми со квалитетот на автомобилот.

За да го спаси денот, Ford итно ги реактивираше своите најдобри технички експерти. Дотичните ветерани се нарекуваат „сиви мечки“ во компанијата. Нивната задача е да ги најдат пропустите уште пред деловите да стигнат до производствената линија, но и да обучуваат помлад персонал и сами да ги поправаат алатките за вештачка интелигенција.

Ова враќање кон човечкиот инженеринг веќе се исплати. Генералниот директор на Ford, Џим Фарли, потврди дека компанијата неодамна драстично ги намалила трошоците за гаранции и повлекување на возила.

Ford не е единствениот пример за будење во технолошкиот свет. Големо истражување на агенцијата Careerminds покажа дека дури 35,6% од компаниите што отпуштиле работници поради вештачката интелигенција потоа повтормо вработувале луѓе на повеќе од половина од позициите што претходно ги испразниле.

Тагови
реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Авто новости

Како ќе звучи првиот електричен Bentley?

Read more

Електричните автомобили за прв пат најпродавани на најголемиот европски пазар

Read more

Авто пазарот во шок: Кина „штанца“ четири нови модели дневно

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Автомобили

Како ќе звучи првиот електричен Bentley?

Читај повеќе

Електричните автомобили за прв пат најпродавани на најголемиот европски пазар

Читај повеќе

Авто пазарот во шок: Кина „штанца“ четири нови модели дневно

Читај повеќе

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Читај повеќе

Lamborghini не планира да ги врати рачните менувачи во своите модели

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen го претстави новиот ID. Cross, почетна цена е 28.000 евра

Читај повеќе

Купувате половен електричен автомобил? Батеријата не е најголемиот проблем

Читај повеќе

Дали зрачењето во електричните автомобили е опасно?

Читај повеќе

Групацијата Volkswagen драстично ќе ја намали понудата на модели

Читај повеќе