Ви го претставуваме Vision Gran Turismo

Го разгледавме бруталниот нов хиперавтомобил на Xiaomi со 1.900 КС кој постигнува 350 km/h

Xiaomi за првпат во Европа претстави нов хиперавтомобил, а во Барселона одблиску се запознавме со Vision Gran Turismo, кој достигнува максимална брзина од 350 km/h.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана

На Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Xiaomi не ги претстави само 17 Ultra – врвниот смартфон со камера, Leica Leitzphone и бројни моќни мобилни додатоци, туку токму тука дебитираше и првиот хиперавтомобил на Xiaomi.

Новитетот, кој го доби името Xiaomi Vision Gran Turismo, е впечатлив концепт-автомобил што не постои само во виртуелниот свет на играта Gran Turismo 7, туку и во реалноста.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана

Спортскиот автомобил, кој секој може да го испроба на PlayStation конзола, има вистински прототип со неверојатен дизајн. Притоа остава впечаток дека Xiaomi би можел веќе утре да го испрати во сериско производство.

Засега нема официјални информации за тоа, но на MWC се обидуваме да дознаеме повеќе.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана

Проектот Vision Gran Turismo беше создаден од развивачот на игри Polyphony Digital во 2013 година. Во негови рамки досега реномирани производители како BMW, Ferrari, Mercedes и Porsche претставија автомобили што може да се возат во виртуелниот свет.

Сега Xiaomi е првата технолошка компанија што се одлучи на ваков чекор. Со европската премиера јасно испраќа порака дека наскоро нема да произведува автомобили само за кинескиот, туку и за меѓународните пазари.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана

Прототипот има коефициент на отпор на воздух од 0,29 и е фокусиран на максимална аеродинамичка ефикасност и голема потисна сила. Кабината е обликувана во најкомпактна можна форма за воздухот оптимално да струи околу неа од сите страни.

Прототипот е дизајниран од главниот дизајнер на Xiaomi EV, Тианјуан Ли, кој пред неколку години премина од BMW, заедно со неговиот меѓународен тим. Автомобилот се движи на 21-инчни Pirelli P Zero спортски гуми, а специјалните фелни се конструирани така што нивниот хоризонтален крак секогаш останува во хоризонтална позиција при движење.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана

Во целосно минималистичкиот ентериер, под ветробранското стакло, помеѓу A-столбовите, се протега панорамски дисплеј сличен на оној во Xiaomi YU7 и во новиот BMW iX3 базиран на платформата Neue Klasse.

Интересно е што Xiaomi претстави и симулаторски сет многу сличен на внатрешноста на концепт-автомобилот, со кој, според најавите, секој ќе може од својот дом да седне зад воланот на хиперавтомобилот.

Додека повеќето производители моментално преминуваат од 400 на 800 волти, Xiaomi веќе работи со 900 волти, што овозможува висока ефикасност и ултрабрзо полнење.

За напојувањето е задолжена силициум-јаглеродна батерија, слична на оние во најновите мобилни телефони, но точниот капацитет и моќноста на полнење засега не се познати.

Според нашите информации, целосно електричниот погон испорачува 1.900 коњски сили. Автомобилот e тежок нешто над 1,2 тони, a сè уште нема објавено податок за забрзувањето од 0 до 100 km/h, но максималната брзина според најавите, ќе биде околу 350 km/h.

Xiaomi, кој до неодамна произведуваше само мобилни телефони и паметни уреди за домот, минатата година продаде 410.000 електрични автомобили – 110.000 повеќе од првично планираното.

Компанијата моментално произведува седан и спортски кросовер, а годинава се очекува да испорача околу 550.000 возила.

Со сериозен центар за развој на автомобили во Минхен, компанијата во блиска иднина веројатно ќе претстави поголем SUV модел, како и хибриди со мотор со внатрешно согорување.

Xiaomi планира во 2027 година да започне меѓународна продажба на своите автомобили, вклучително и во Европа. Според првичните информации, компанијата планира во рок од четири години да отвори 150 продажни салони во Обединетото Кралство.

Иако официјално Vision Gran Turismo е првиот хиперавтомобил на Xiaomi, според своите карактеристики и седанот SU7 Ultra, кој претходно детално го претставивме, припаѓа во оваа класа.

Електричниот седан со 1.548 коњски сили неодамна постави време од 2:09.94 на патеката Shanghai International Circuit, надминувајќи го Porsche Taycan Turbo GT, кој претходно имаше време од 2:11.28.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Авто новости

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Read more

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Read more

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Read more

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Read more

Автомобили

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Читај повеќе
  • filter

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Читај повеќе

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Читај повеќе

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Читај повеќе

Се продава еден од најгрдите спортски автомобили во историјата, цената е мизерна

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа најнеобичниот Range Rover досега – SUV или седан? 

Читај повеќе

Кој чекаше, дочека: Електричните автомобили драстично поевтинија

Читај повеќе

Како ќе звучи првиот електричен Bentley?

Читај повеќе