Jaguar ги откри првите вести поврзани со долгоочекуваниот нов модел.
Jaguar сврте сосема ново поглавје во својата историја. Британскиот бренд официјално го потврди името на новиот електричен седан.
Името е слично на концептот, но и на претходната практика на именување. Станува збор за моделот Jaguar Type 01, кој ја продолжува традицијата на легендарните модели на Jaguar кои ја носеа ознаката „Type“, вклучувајќи ги D-Type, E-Type и F-Type.
Jaguar објаснува дека бројот „0“ симболизира електричен погон и нулта емисија на издувни гасови, додека „1“ го означува првиот модел од сосема нова генерација електрични Jaguar. Самата ознака ќе биде дискретно сместена на дното на шофершајбната.
Иако конечниот изглед на автомобилот сè уште не е официјално претставен, шпионските фотографии досега откриваат дека серискиот модел ќе ги задржи повеќето дизајнерски решенија на концептот од 2024 година.
Во споредба со концептот, сериската верзија ќе добие дополнителен пар врати, но ќе задржи многу впечатлив и футуристички изглед. Jaguar очигледно сака новиот модел да биде значително различен од сè што досега го носеше неговиот знак.
Новиот Type 01 ќе ја користи сосема новата платформа Jaguar Electric Architecture, развиена исклучиво за електрични модели.
Погонскиот систем ќе се состои од еден електричен мотор напред и два назад, а вкупната моќност ќе надмине 1000 КС. Вртежниот момент треба да биде околу 1300 Nm, открива Jaguar.
Електричниот седан ќе користи батерија со капацитет од околу 120 kWh, иако Jaguar сè уште не откри кој ќе ги снабдува батериите.
Прашањето е особено важно бидејќи претходниот електричен модел на брендот, I-Pace, имаше неколку повлекувања во текот на годините поради проблеми со батеријата.
Официјалната премиера на новиот Jaguar се очекува во септември оваа година.