Како кинески BYD произведе 13 милиони возила за неверојатно кратко време?

BYD официјално стана првата автомобилска компанија во светот што достигна производство од 13 милиони NEV (возила со нова енергија). Славеничкиот модел, YANGWANG U7, излезе од производствената линија на 21 јули.

BYD постигна рекорден успех во продажбата од 10 на 13 милиони NEV за осум месеци. За споредба, на компанијата ѝ беа потребни 13 години за да ги произведе првите милион електрични возила. Стратегијата на кинескиот бренд за целосна електрификација продолжува да привлекува потрошувачи кои бараат позелена технологија низ целиот свет.

Во првата половина од 2025 година, BYD продаде вкупно 2.145.954 електрични патнички возила глобално, дополнително зајакнувајќи ја својата позиција како најпродаван бренд на NEV во светот. Од овој број, 470.086 патнички возила и пикапи беа продадени на странските пазари, што претставува раст од 128,5 проценти на годишно ниво и демонстрира растечко меѓународно присуство на BYD.

Моделот со кој го прослави 13-милионитиот примерок, YANGWANG U7, сега се испорачува на клиенти низ цела Кина. U7 е опремен со револуционерни технологии, вклучувајќи го интелигентниот систем за контрола на каросеријата DiSus-Z (Yunnian-Z), платформата e⁴, хоризонтално монтиран мотор и управување на задните тркала.

Она што е Lexus за Toyota, тоа е YANGWANG за BYD. Зборуваме за луксузен подбренд од висока класа кој продолжува да напредува во своите пазарни сегменти. Од своето лансирање, YANGWANG привлече силно внимание од медиумите и клиентите, со кумулативни испораки што надминуваат 10.000 единици.

BYD со тоа ја потврдува својата водечка позиција во електрификацијата на глобалниот транспорт со технологии што вклучуваат чисто електрични и суперхибридни возила со DM технологија. Овие бројки навистина изгледаат импресивно, само се надеваме дека се целосно вистинити, а не лажно „надуени“.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Авто новости

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Read more

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Read more

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Read more

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Read more

Автомобили

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Читај повеќе
  • filter

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Читај повеќе

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Читај повеќе

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Читај повеќе

Се продава еден од најгрдите спортски автомобили во историјата, цената е мизерна

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа најнеобичниот Range Rover досега – SUV или седан? 

Читај повеќе

Кој чекаше, дочека: Електричните автомобили драстично поевтинија

Читај повеќе

Како ќе звучи првиот електричен Bentley?

Читај повеќе