Како најдобро да го заштитите автомобилот од кражба?

Ако сте сопственик на возило, една од поголемите грижи ви е неговата безбедност.

Во денешно време многу автомобили не се осигурани бидејќи сопствениците не можат финансиски да си го дозволат тој „луксуз“, а и ретко што може секој од нас како поединец да направи против автомобилската мафија што „царува“ на Балканот.

Една од опциите за да го заштитите вашиот автомобил од штета или кражба е секако, осигурано гаражно место, нешто што станува сѐ поголем луксуз во главниот град, каде има сѐ помалку гаражен простор, а цените растат вртоглаво.

Сепак, купувањето или изнајмувањето гаража е сепак поевтино од кражбата на автомобил вреден илјадници евра.

Тука се и речиси неизбежните аларми кои ги има во безброј форми и со најразлични цени што се движат од 100 па до неколку илјади евра.

Алармот барем ќе ве спаси од „ситни кражби“ во кои најчесто би останале без радио или нешто оставено на седиштата, а штетата во најголе број случаи е скршено стакло на вратите.

Третиот облик на заштита на возилото е механичка блокада – заклучување на воланот, хаубата, педалите и менувачот.

Сите овие форми на заштита не се 100% непробојни, но барем во поголемиот број случаи ќе го обесхрабрат крадецот бидејќи ќе му биде потребно повеќе време да го обие или украде вашето возило во споредба со оние кои не се заштитени.

Секако, не треба да се заборава и дека треба да одбегнувате да го паркирате автомобилот во мрачни, неосветлени и/или зафрлени паркинг места и улички.

Што можете да направите?
  • Возилото секогаш треба да ви биде заклучено, дури и додека возите.
  • Кога сте паркирани, никогаш не ги оставајте клучевите во автомобилот. Затворете ги сите прозорци и панорамското стакло, ако имате.
  • Никогаш не го оставајте автомобилот со вклучен мотор и без надзор.
  • Одвикнете се да оставате видно вредни предмети на седиштата во автомобилот (ранец или торба за лаптоп или фотоапарат, актовка).
  • Будно внимавајте на своето опкружување, особено во гаражи, на паркинзи и на бензински станици или стојалишта на пат.
  • Кога го паркирате автомобилот ставете го во брзина, со тркалата свртени кон тротоарот или некоја друга препрека. Тоа го отежнува обидот за „шлепање“ на возилото.
  • Ако го фатите крадецот среде кражба на вашиот автомобил или ви пријде кога излегувате во возилото или излегувате од него, не пружајте отпор. Вашиот живот е повреден од автомобилот.
Што треба да знаете?
  • Повеќето кражби на автомобили ги вршат „професионалци“.
  • На мета најчесто се помалку егзотични модели, односно популарни модели чии делови се лесно заменливи и полесно може да се продадат веднаш.
  • Поголемиот дел од украдените автомобили завршуваат на расклопување и се продаваат на делови. Кога купувате половен автодел од неовластен продавач, голема е веројатноста делот да е од украден автомобил.
  • Автомоблската мафија делува на меѓународно ниво, крадците најчесто се ангажирани да делуваат по нарачка.
  • Еден од „методите“ за кражба е намерно предизвикување помала сообраќајна незгода, кога најчесто излегувате од возилото во паника, ги оставате клучевите внатре, а крадецот влегува и заминува со вашиот автомобил, а зад себе го остава „неговото“ евтино, нерегистрирано возило
  • Бидете внимателни и кога стоите на семафор и секогаш оставајте доволно простор за маневрирање и одбегнување други возила.
  • Секој случај на обивање или кражба на автомобил пријавете го во полиција.
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Авто новости

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Read more

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Read more
 

Автомобили

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Читај повеќе

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Читај повеќе

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Читај повеќе
  • filter

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Читај повеќе

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi EV ја надмина целта за 2025 година: Производните ленти „летаат“

Читај повеќе

ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Читај повеќе

Кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе