Хаос на американските пристаништа: Се трупаат недоставени нови автомобили

Производителите на автомобили задржуваат илјадници возила на американските пристаништа и привремено ги запираат пратките, настојувајќи да ги ублажат ефектите од ескалацијата на трговската војна на претседателот Доналд Трамп.

Како што дознава Financial Times, сè повеќе компании го одложуваат влезот на своите автомобили на американскиот пазар. Тројца соговорници од секторот логистика и автомобилска индустрија тврдат дека ситуацијата станува хаотична.

„Капацитетите на пристаништата се пополнуваат. Доколку вака продолжи, би можеле да имаме сериозен проблем за неколку недели“, вели еден менаџер за логистика.

Некои брендови ги паузираат испораките во САД

Audi, Jaguar Land Rover и Aston Martin се меѓу марките кои привремено ги запреа или значително ги намалија испораките во САД за април, сметајќи на постојните залихи како доволни за да се премости овој период на неизвесност.

Пристаништето Бремерхавен во Германија, еден од најголемите терминали за извоз на автомобили во светот, очекува сообраќајот кон и од САД да се намали до 50 проценти. Овој пазар опфаќа речиси една третина од вкупниот автомобилски сообраќај низ тоа пристаниште.

„И ние ќе ги почувствуваме последиците“, потврди Матијас Магнор, директор на BLG Logistics, која управува со пристаништето.

И покрај паниката, повеќето производители се уште се надеваат дека царините на Трамп нема да траат долго. Многумина се одлучија за тактика „пауза и чекање“, привремено суспендирајќи ја испораката на возила од европските фабрики додека не се разјасни ситуацијата.

„Тоа е главната стратегија во моментов“, вели еден експерт за логистика.

„Сите чекаат да видат дали ќе има некаков компромис меѓу САД и нивните трговски партнери.

Магацините се полни, а возилата „дремат“

Задржувањето возила во пристаништата е исклучително скапо, па затоа производителите бараат алтернативни решенија, како што е преместување на стоката во складишта, каде што може привремено да се складира без плаќање царина. Според експертите за синџирот на снабдување, некои возила од канадско производство кои патувале со железница во моментов се заглавени во Детроит на местото на влез во САД, пишува Financial Times.

Трамп минатата недела воведе царини од 25 отсто за сите увезени автомобили, додека автоделовите ќе паднат под истата стапка почнувајќи од 3 мај, освен за Мексико и Канада, кои имаат делумни исклучоци. Дополнителна конфузија создава тоа што производителите сè уште не знаат точно како ќе се применуваат царините, како и што воопшто се смета за дел од автомобилот.

„Дали е моторот како целина или секој штраф е посебен дел?“, прашува функционер од германската автомобилска индустрија.

Според американските правила, автомобилите што ги исполнуваат барањата на договорот за слободна трговија меѓу САД и Мексико и Канада (USMCA) остануваат ослободени од тарифите, но царината од 25% привремено се применува на сите возила додека не се утврди точниот дел од странските компоненти.

Затоа производителите сега се обидуваат детално да го мапираат потеклото на секој поединечен дел од нивните возила, што е исклучително сложена и одзема време задача со оглед на глобално разгранетите синџири на снабдување во автомобилската индустрија.

„Засега логистиката е краткорочна тактика. Сè уште никој не носи долгорочни одлуки за производството - има премногу непознати за тоа колку долго ќе трае ова и дали другите земји ќе одговорат со контрамерки“, заклучи висок функционер од германската автомобилска индустрија.

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Авто новости

Цените на електричните автомобили ќе паднат во 2026 година

Read more

Дали возењето „во лер“ навистина заштедува гориво?

Read more

Volkswagen најавува голема промена за бензинскиот Polo

Read more

Кој кинески автомобил е најпродаван во Европа?

Read more
 

Автомобили

Цените на електричните автомобили ќе паднат во 2026 година

Читај повеќе

Дали возењето „во лер“ навистина заштедува гориво?

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen најавува голема промена за бензинскиот Polo

Читај повеќе

Genesis го претстави атрактивниот концептен модел G90 Wingback

Читај повеќе

Кој кинески автомобил е најпродаван во Европа?

Читај повеќе
  • filter

Opel ја откри новата Astra за 2026: Што носи редизајнот?

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen Буба „на струја“ побрза и од Porsche

Читај повеќе

Синот на Саркози сака град без сообраќајни знаци

Читај повеќе

Непријатно изненадување: Само еден европски бренд меѓу најсигурните автомобили

Читај повеќе