Kинески BYD пријави остар пад на профитот

Кинескиот производител на електрични возила BYD соопшти дека неговиот профит нагло се намалил во вториот квартал поради жестоката ценовна војна на домашниот пазар.

Во периодот април-јуни, приходите на BYD изнесувале 201 милијарда јуани (28,2 милијарди долари), што е зголемување од 14 проценти во однос на претходната година, покажуваат податоците.

Нето добивката се намалила за 30 проценти на 6,4 милијарди јуани.

Кинескиот сектор за електрични возила ги чувствува ефектите од „засилената“ ценовна конкуренција, објасни менаџментот на BYD во бизнис извештај.

Конкуренцијата во кинескиот автомобилски сектор достигна врв, додадоа тие.

Просечната цена на автомобил во Кина опаднала за околу 19 проценти во последните две години и моментално изнесува околу 165.000 јуани (23.100 долари), според проценките на индустријата, според BBC.

BYD се натпреварува во Кина со домашни конкуренти како што се Nia и XPeng и со американскиот Tesla, а поради нивната жестока борба за клиенти, кинеското Министерство за трговија објави построги упатства за конкуренција во автомобилскиот сектор кон крајот на мај за да ја ублажи ценовната војна што им се закануваше на дилерите и добавувачите и создаде загуби во секторот како целина.

Здружението на дилери предупреди дека производителите треба да ја усогласат понудата со побарувачката и да ја прекинат практиката на префрлање на вишоците во салоните за автомобили.

BYD крена прашина на пазарот со вклучувањето на системот за помош при возење God's Eye како стандардна опрема на сите модели и воведувањето нова технологија за ултрабрзо полнење на електрични возила.

Овие потези ги охрабрија конкурентите како што се Leapmotor, Geely и Toyota да го следат примерот, а исто така да им понудат на клиентите попристапни модели со „паметни“ карактеристики.

Управата на BYD планира да продаде 5,5 милиони автомобили оваа година, но до крајот на јули беа продадени само 2,49 милиони.

Во 2024 година, кинескиот гигант произведе најмногу електрични возила во светот, надминувајќи ја по приходи американска Tesla.

Тагови
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Авто новости

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Read more

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Read more
 

Автомобили

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Читај повеќе

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Читај повеќе

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Читај повеќе
  • filter

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Читај повеќе

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi EV ја надмина целта за 2025 година: Производните ленти „летаат“

Читај повеќе

ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Читај повеќе

Кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе