Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

И без дожд, треба да возите повнимателно во текот на есента, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.

Mетеоролозите најавуваат повремена облачност со врнежи од дожд, кои во текот на октомври и ноември ќе зачестуваат. Дури и без дожд, треба да возите повнимателно, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.

Лисјата на патот може да бидат лизгави како мраз. Затоа, треба да забавите кога ќе наидете на дел од патот покриен со лисја. Особено опасни се патиштата кои минуваат низ шумски и ридски предели.

Тоа што можеби не врнело два-три дена, а асфалтот е сув, не значи дека листовите на патот не се лизгави како мраз. Можеби ја задржалe влагата од неодамнешниот дожд. Може да има акумулирано влага од (утринската) магла или роса.

На прв поглед, првиот слој на лисја може да изгледа дека е сув, или можеби е сув, но одоздола има слој од влажни лисја. Не велиме ни дека сувите листови се идеална подлога за возење... Доколку налетате на голема количина влажни листови во некој свиок, нема да ви помогнат ниту ABS ниту ESP, исто како што не би помогнале ако површината е покриена со мраз.

Помошта што овие системи можат да ја пружат директно зависи од добриот контакт на гумата со подлогата.

Секако, ABS ќе спречи блокирање на тркалата при сопирање и евентуално лизгање - но тоа е сè. ABS нема начин да ги прекрши законите на физиката и да го запре автомобилот на лизгава површина.

ESP, исто така, ќе стори сé што може за да го одржи автомобилот на безбедна патека во кривина - но само ако не возите пребрзо и гумите доволно добро се лепат за асфалтот. И ако има влажни, лизгави лисја помеѓу гумите и асфалтот - како може ESP да си ја заврши работата?

Не може да фрли сидро... Едноставно, ESP, т.е. Електронската контрола на стабилноста (ESP, ESC, VDC, DSC...) не може да помогне ако нема доволно триење помеѓу подлогата и гумите. ESP ќе се обиде неуспешно да ве врати на вистинскиот пат бидејќи возачот ја губи контролата.

Зошто ABS и ESP не можат (многу) да помогнат?

Ајде да објасниме како функционира ESP. Со сопирање на поединечни тркала, тоа влијае на движењето и подвижноста на автомобилот. Ако се појави влечење на задниот дел при вртење налево (пренасочување - задниот крај се префрла надесно), ESP ќе ја активира сопирачката на предното десно тркало за да се обиде да го поправи движењето на автомобилот.

Заклучокот е дека кога сопира само едно тркало, тој го оддалечува автомобилот, па токму тоа го користи ESP - ако автомобилот се префрли на едната страна, ESP ќе почне да сопира едно или две тркала за да се спротивстави, т.е. почнал да го носи на другата страна и така му го поправил патот.

Ако во истата (лева) кривина има пролизгување „преку нос“ (пребрзо влегувате во кривината, го вртите воланот, но автомобилот не слуша туку ја проширува саканата патека, популарно „ја исправа кривината“), ќе се активира сопирачката на внатрешното задно тркало.

Ова е тривијално објаснување - целиот процес е многу покомплициран и се одвива со молскавична брзина, често пред возачот воопшто да забележи дека е на работ да ја изгуби контролата над автомобилот.

Во предвид се земаат бројни параметри, а реакцијата на системот се менува за дел од секундата во зависност од промената на однесувањето на возилото. Понекогаш во зависност од ситуацијата, се „гуши“ и моторот за да се смири возилото, т.е. со цел погонските тркала да ја вратат влечната сила.

И она што е најважно - управувањето со „процесот“ на сопирање се врши со помош на ABS.

реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Авто новости

Land Rover го тужи кинески BYD: Го копираа Defender?!

Read more

Италија планира да казнува за пребавно возење

Read more

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Read more

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Land Rover го тужи кинески BYD: Го копираа Defender?!

Читај повеќе

Италија планира да казнува за пребавно возење

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Читај повеќе
  • filter

BMW M 1000 RS: Најмоќниот „гол“ мотоцикл во светот

Читај повеќе

Nissan подготви три екстремни теренски концепти за саемот SEMA

Читај повеќе

CUPRA повторно успева: Новиот Raval е номиниран за Автомобил на годината 2027

Читај повеќе
  • filter

Кинезите го напаѓаат европскиот луксуз: Новиот Xpeng SUV има 585 КС

Читај повеќе

Криза во Volkswagen: Дали е ова крај нa електричниот Golf?

Читај повеќе