Лансиран новиот SUV на Xiaomi, нарачани 289.000 автомобили во првиот час

Xiaomi го лансираше својот прв електричен SUV, YU7, во обид директно да се натпреварува со Model Y на Tesla. Почетната цена е 253.500 јуани, или околу 35.360 американски долари, малку поевтино од Tesla.

Првите нарачки беа импресивни, по само три минути, информациите покажаа дека YU7 има регистрирано повеќе од 200.000 барања, а во рок од еден час достигна речиси 289.000 нарачки, што повторно го стимулираше растот на вредноста на акциите на Xiaomi. Таквиот интерес зборува за исклучително жива побарувачка, а за кинескиот пазар ова е голем сигнал дека Xiaomi е подготвен да се бори со најголемите.

Доаѓа во три верзии

Техничките спецификации на YU7 се импресивни. Достапен е во три верзии, Standard, Pro и Max, при што основната верзија, со LFP батерија од 96,3 kWh и погон на задните тркала, нуди автономија до 835 km според кинескиот CLTC стандард и забрзување до 100 км/час за 5,9 секунди.

Двете помоќни верзии нудат погон на сите тркала и забрзување до 100 км/час за 4,3 и 3,2 секунди, соодветно. Особено е значајно екстремно брзото полнење, Max верзијата се полни од 10 до 80 проценти за само 12 минути благодарение на технологијата 5.2C.

Должината на возилото надминува пет метри

Должината на возилото надминува пет метри, а меѓуоскиното растојание е 3 метри, додека кабината е богата со дигитална содржина: двоен голем екран, напреден HUD, масажни седишта од кожа Nappa и интеграција на домашниот екосистем. Присутни се LiDAR, 4D радар и Nvidia DRIVE, што укажува на сериозната технолошка амбиција на Xiaomi да се фокусира на безбедноста и автономното возење.

Xiaomi сè уште не е присутен во Европа и нема да биде толку наскоро, едвај успеваат да ги задоволат апетитите на Кина.

Тагови
реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Авто новости

BMW го враќа погонот на задните тркала во својот најмал автомобил

Read more

Volvo најави нов тренд: Време е да се врати караванот 

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Read more
 

Автомобили

BMW го враќа погонот на задните тркала во својот најмал автомобил

Читај повеќе

Volvo најави нов тренд: Време е да се врати караванот 

Читај повеќе

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Читај повеќе

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Читај повеќе

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Читај повеќе

По Volkswagen, и Mercedes размислува за производство на оружје

Читај повеќе
  • filter

Се откажа од „електраши“ и се свртува кон хибриди: Како изгледаат новите Honda модели?

Читај повеќе

Дали Џејмс Бонд наскоро ќе вози „кинески“ автомобил? 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Jaguar најави брутален електричен седан со повеќе од 1000 КС

Читај повеќе