Mercedes гаси уште два модела

Некои од вас никогаш не ги виделе овие модели на улиците и патиштата.

Mercedes некогаш имаше најголема палета на модели во премиум сегментот, а истото беше и кога AMG влезе во приказната во конкуренција со таканаречените сегментни перформанси.

Во меѓувреме, Mercedes почна да ја намалува понудата, а први на удар беа неперспективните модели, но и оние за кои беше потребна соработка со надворешни партнери. Тука пред се мислиме на групацијата Renault Nissan со која некогаш имаше многу блиска соработка.

Сепак, по X-Class, Mercedes одлучи да ја прекине понудата за уште два модела. Како што објави Automotive News, одлучи да се откаже од T-Class и моделот Citan. Овие модели се базирани на Renault Kangoo, а се произведуваат во фабриката на Renault Maubeuge во северна Франција. Електричните верзии, EQT и eCitan, исто така ќе бидат историја до средината на 2026 година, а Mercedes нема да претстави директни наследници за овие модели.

Наместо тоа, германската компанија го префрла својот фокус на поголеми и попрофитабилни комерцијални возила, изградени на сопствени платформи VAN.CA (за возила со мотори со внатрешно согорување) и VAN.EA (за електрични модели). Оваа нова генерација комбиња ќе дели дури 70 проценти од деловите, што ќе го поедностави производството и ќе ги намали трошоците.

Да потсетиме, Mercedes во последните неколку години се ослободи од SLC, AMG GT кабриолет, CLS и купе и кабриолет верзиите од класата C и E, кои ги заменија со сосема новиот CLE. Иако кроевите се болни, Мерцедес подготвува и нови модели. Планот вклучува помала верзија на култната G-Class, целосно електрична C-Class и CLA, која повторно ќе добие атрактивна Shooting Brake верзија.

AMG развива специјална линија на електрични модели, вклучувајќи седан кој ќе го наследи GT купе со 4 врати и нов електричен SUV. За колекционерите со најдлабок џеб, Mercedes подготвува ексклузивни лимитирани модели, како што е најавената S-Class Coupe како дел од специјалната серија Mythos и спектакуларниот модел AMG PureSpeed ​​без покрив, базиран на SL.

Тагови
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Авто новости

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Read more

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Read more

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Read more
 

Автомобили

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Читај повеќе

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Читај повеќе

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Читај повеќе

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen има светлечко лого со волк

Читај повеќе
  • filter

Роботското такси на Маск пристигнува во април - без волан и педали

Читај повеќе
  • filter

Екран до екран: Поглед во новиот Mercedes GLB

Читај повеќе

Xiaomi не може да ја задоволи побарувачката за е-автомобили

Читај повеќе
  • filter

Renault Megane се враќа на бензин

Читај повеќе