На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Кои автомобили губат најмалку вредност како половни во Франција? Тоа се Dacia Sandero (бензин и дизел) и Logan.

Водечката француска платформа за продажба на автомобили, Leboncoin, направи анализа во која пресмета амортизација на возила од ниска класа, премиум и електрични возила во текот на пет години, споредувајќи ја просечната цена на половни возила со просечната цена на нови возила од 2020 година.

Како поминаа другите автомобили во оваа анализа? Градските автомобили на Peugeot, Citroën или Renault се толку присутни на францускиот пазар што губат сè повеќе вредност како половни автомобили.

Високо на листата се Polo, Suzuki Swift и Toyota Yaris. Меѓу моделите што ги сакаат Французите, се чини дека Renault Clio ја држи својата вредност подобро од Peugeot 208, но тоа може да се должи на проблеми со моторите PureTech.

Во секој случај, рецептот за мал пад на вредноста е едноставен: сигурен, бензински погонски и релативно компактен автомобил. Дизелите, од друга страна, „губат тло под нозете“.

Пад на вредноста на моделот (од 2020 до 2025 година)

Dacia Sandero (бензин) 14%

Dacia Sandero (дизел) 23%

Dacia Logan (бензин) 25%

Volkswagen Polo (бензин) 27%

Suzuki Swift (бензин) 30%

Toyota Yaris (бензин) 30%

Renault Clio (бензин) 33%

Volkswagen Polo (дизел) 33%

Mitsubishi Space Star (бензин) 35%

Nissan Micra (бензин) 36%

Што се однесува до електричните возила, загубите се околу 60 проценти. Во исто време, треба да се земе предвид дека клиентите добија големи попусти на цените на новите модели во салоните, т.е. државни субвенции. Затоа, цените веќе беа многу пониски од оние во салоните.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Авто новости

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Read more

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Read more

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Read more

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен кампер

Read more

Автомобили

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Читај повеќе
  • filter

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Читај повеќе
  • filter

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Читај повеќе

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен кампер

Читај повеќе

Зошто кинеските автомобили се појавуваат на пазарот на секои две години и која е цената на забрзаното темпо на развој?

Читај повеќе

Volkswagen размислува за затворање на четири фабрики во Германија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ова е новото Yugo кабриолет - дали ви се допаѓа?

Читај повеќе

Може скапо да ве чини: Како да го проверите притисокот во гумите?

Читај повеќе
  • filter

Путин ја повози новата Volga

Читај повеќе