Новата лимузина на Huawei сака да го замени Rolls Royce

И покрај изобилството на луксуз, токму цената би можела да игра одлучувачка улога во битката на кинескиот производител на електрониката со автомобилската класика.

Huawei ги исполни најавите и очекувањата и го претстави Maextro S800, луксузна лимузина развиен во соработка со концернот JAC (Anhui Jianghuai Automobile Group). Судејќи според првите фотографии, работите се сосема јасни - овој автомобил ќе им конкурира на своите европски ривали во однос на луксузот.

И тука не мислиме, на пример, на BMW серијата 7 или S класата, туку на најпрестижните изданија на вакви модели. И не само што би можел да ја предизвика S класата во верзијата Maybach, туку ќе се обиде да ги погоди и најлуксузните европски претставници, Bentley и Rolls-Royce.

Нема сомнение дека, во однос на дизајнот, се моделирал според своите конкуренти, додека во сè друго ќе биде свој. Премиерата е закажана за крајот на мај на Саемот за автомобили Гуангдонг-Хонг Конг-Макао, но цената на овој луксузен четирисед е веќе позната. Верувале или не, овој автомобил ќе се појави на пазарот по цена од еден милион јуани, што е околу 121.000 евра, дознава CarNewsChina.

Материјали од врвен квалитет, таканареченото „ѕвездено небо“ на покривот, фрижидер, сеф, неколку екрани, HUD проекции, седишта за одмор, се само дел од додатоците што го очекуваат идниот сопственик. Барем видливите, бидејќи под каросеријата долга речиси 5,5 метри и широка околу два метри доаѓа технолошки напреден погон.

Електричната верзија има батерија од 94,4 kWh и нуди опсег до 700 км. Во подготовка е и издание со продолжен опсег (EREV) со класичен мотор и батерија од 65 kWh, електричен опсег до 311 км и можност за полнење од 10 до 80% капацитет за помалку од 11 минути.

Интересот за овој седан е голем, па компанијата потврди дека повеќе од 2.100 нарачки биле примени во првите 48 часа по премиерата. Со оглед на цената, ова е очекувано.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Авто новости

Скок во продажбата на електрични автомобили

Read more

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Uber се здружи со Кинезите: Носат роботакси во Европа

Read more
 

Автомобили

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Читај повеќе

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Читај повеќе

Uber се здружи со Кинезите: Носат роботакси во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѕиркање во гробиштата за суперавтомобили и луксузни модели во Дубаи

Читај повеќе
  • filter

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Читај повеќе

Зошто не треба да ја вклучите климата веднаш штом влезете во автомобилот?

Читај повеќе
  • filter

Златниот Mercedes G-класа е гласен статусен симбол

Читај повеќе

Електричното Ferrari ќе почека

Читај повеќе