Нови правила на EuroNCAP: Крај на автомобилите без физички контроли?

Се воведуваат построги правила за 2026 година - никогаш потешко до 5 ѕвезди.

Независната организација за тестирање на безбедноста на новите автомобили на европскиот пазар, EuroNCAP, значително ќе ги заостри барањата за безбедност на возилата во 2026 година. Новите автомобили ќе имаат потешкотии да ја постигнат највисоката оценка од 5 ѕвезди.

EuroNCAP ќе воведе најголема ревизија на постапката за тестирање на автомобили од 2009 година. Новите безбедносни правила се дизајнирани за сообраќајните услови со кои се соочуваат возачите денес, каде што напредните системи за помош и безбедноста на батериите на електричните автомобили играат многу поголема улога отколку порано.

Новата постапка за тестирање за 2026 година на EuroNCAP се базира на четири главни безбедносни области: безбедно возење, избегнување несреќи, заштита за време на несреќи и безбедност по несреќа.

Безбедно возење - во иднина, системите за помош на возачот на модерните автомобили мора да работат поприродно и не смеат да го преоптоваруваат возачот со постојани визуелни и звучни предупредувања. Мониторингот на возачот, јасните, физички копчиња за клучните функции, детекцијата на замор и точноста на препознавањето на знаците во секојдневниот сообраќај се исто така некои од работите што EuroNCAP ги зема предвид во овој критериум, не само дали функциите се присутни, туку и каков е квалитетот на нивното работење.

Избегнување на несреќи - EuroNCAP значително ги проширува сценаријата за тестирање. Автомобилите мора да покажат дека можат да избегнат судири со пешаци, велосипедисти и мотоциклисти во пореални ситуации. Euro NCAP, исто така, проверува дали автомобилите можат да спречат ненадејно забрзување ако возачот случајно притисне погрешна педала. Автомобилите, исто така, мора да реагираат непречено и предвидливо при нормално градско возење, а се оценува негативно ако помошта за одржување на лентата е наметлива или предизвикува непредвидливи интервенции.

Заштита од судир - Тестовите за безбедност на EuroNCAP сега ќе вклучуваат повеќе типови на каросерија и возрасни групи на патници, а ќе се оценуваат и повеќе видови странични и фронтални судири. Заштитата на пешаците во областа околу шофершајбната и А-столбовите исто така станува сè поважна.

Безбедност по судир - Овој дел ќе биде особено важен за електричните автомобили. Електричните рачки на вратите мора да функционираат по судир, високонапонската батерија мора да биде правилно изолирана, а автомобилот мора да може да испраќа точни информации до службите за итни случаи за бројот на луѓе во возилото. Покрај тоа, електричните автомобили мора брзо да го предупредат возачот ако постои ризик од пожар на батеријата - и по несреќа и за време на полнењето.

Ќе бидат „казнети“ производителите на автомобили кои немаат копчиња за клучни функции во кабината т.е. возила чиј ентериер е целосно дигитализиран, кај кои сите функции се префрлени на мултифункционални екрани.

Значи, ќе биде потешко да се достигнат 5 ѕвездички, но безбедноста на патиштата ќе се зголеми, што значи помалку жртви во сообраќајот, што може само да се поздрави.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Read more

Авто новости

Audi го покажа новиот Q7 по 11 години чекање

Read more

Маск повторно излажа: Ново одложување на најголемото ветување на Tesla 

Read more

Како изгледа Peugeot e-208 GTi во сериско издание?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Автомобили

  • filter

Audi го покажа новиот Q7 по 11 години чекање

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск повторно излажа: Ново одложување на најголемото ветување на Tesla 

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа Peugeot e-208 GTi во сериско издание?

Читај повеќе
  • filter

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Читај повеќе

Сообраќајни знаци што често ги збунуваат возачите: Кој има предност?

Читај повеќе
  • filter

Audi го претставува својот прв супер-автомобил со хибриден погон со високи перформанси

Читај повеќе

Volkswagen е убеден во иднина со електрични возила

Читај повеќе
  • filter

Škoda откри скици од најновиот електричен Peaq со седум седишта

Читај повеќе
  • filter

Балкански сон: Дали златната G-класа е претерување или ремек-дело?

Читај повеќе