Новиот Nissan LEAF се полни во рекордно време

Вчера во Париз NISSAN ја претстави сосема новата генерација на својот иконски електричен модел LEAF, кој се враќа со значително поинаков дизајн и значително подобрени перформанси.

Новата генерација LEAF носи кросовер дизајн со импресивен коефициент на отпор од само 0,25, што придонесува за поголема енергетска ефикасност. Моделот ќе биде достапен со две опции за батерии, стандардна од 52 kWh со дострел до 436 километри и продолжена од 75 kWh што овозможува возење до 604 километри според стандардот WLTP.

Брзината на полнење е особено импресивна, возилото може да достигне досег од 417 километри по само 30 минути полнење на брз полнач со моќност до 150 kW. Со брзина од 130 км/час на автопат, LEAF постигнува дострел од повеќе од 330 километри, што го прави конкурентен со возила со класични мотори и на долги растојанија.

Технолошки, новата генерација е опремена со вградени услуги на Google достапни на два екрани од 14,3 инчи, премиум аудио систем BOSE Personal Plus и напредни системи за помош при возење, вклучувајќи го и ProPILOT Assist. Возилото, исто така, ја поддржува функцијата Vehicle-to-Load за напојување на надворешни уреди и подготовка за технологијата Vehicle-to-Grid.

LEAF е изграден на модуларната платформа CMF-EV што ја дели со ARIYA, а ќе се произведува во фабриката во Сандерленд како дел од иницијативата EV36Zero за одржлива електрична мобилност.

Од своето лансирање во 2010 година, LEAF продаде речиси 700.000 единици низ целиот свет како прво електрично возило за масовен пазар. Нарачките за новата генерација започнуваат оваа есен, а првите испораки се планирани за пролет 2026 година.

реклама

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Авто новости

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Read more

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Read more

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Автомобили

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе