цените почнуваат од 26.000 евра

Новите модели на BYD се полнат до 70% за шест минути

Кинеската компанија BYD ги претстави првите две електрични возила базирани на својата нова Super e-Platform, седанот Han L и теренецот Tang L.

Најголемата иновација кај двата модели е неверојатната брзина на полнење, која е речиси еднаква на брзината на полнење гориво кај класичните автомобили.

И двата модела ја користат новата архитектура од 1000 волти, претставена во март оваа година. Han L доаѓа со Blade батерија со капацитет од 83,2 kWh, додека Tang L е опремен со поголема батерија од 100,5 kWh.

Han L се одликува со тоа што неговата батерија се полни од 10 до 70 проценти за само шест минути, додека само пет минути полнење се доволно за дополнителни 400 километри досег. Целосното полнење (од 0 до 100%) трае 20 минути.

Од друга страна, Tang L овозможува домет од над 350 километри по само пет минути полнење, а целата батерија се полни за 30 минути.

Овие бројки се постигнуваат исклучиво со употребата на новиот полнач на BYD од 1.000 kW, а компанијата планира да изгради 4.000 станици за брзо полнење низ Кина.

Перформанси и цени

Han L

Цена: од 26.470 евра (LiDAR Premium) до 28.885 евра (LiDAR Flagship)

Погон: електричен мотор со 671 КС и 420 Nm

Досег: до 701 километар (CLTC)

AWD верзија: 778 КС, автономија 601 км, цена 33.645 евра

Remote video URL

Tang L

Цена: од 27.651 евра до 34.895 евра

Основна верзија: погон на задните тркала, 788 КС

AWD верзија: 1.100 КС

Досег: помеѓу 560 и 670 километри, во зависност од верзијата и опремата.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Преминот „на струја“ го чинеше Stellantis над 22 милијарди евра

Read more

Земјата во која многу се возат електрични автомобили, ама ја одбиваат Tesla 

Read more

Mercedes-Benz SL500 зрачи со магија од 90-тите

Read more

Кожата е сè помалку во тренд: Mercedes за прв пат нуди вегански ентериер за S-класата

Read more
 

Автомобили

Преминот „на струја“ го чинеше Stellantis над 22 милијарди евра

Читај повеќе

Земјата во која многу се возат електрични автомобили, ама ја одбиваат Tesla 

Читај повеќе

Mercedes-Benz SL500 зрачи со магија од 90-тите

Читај повеќе

Кожата е сè помалку во тренд: Mercedes за прв пат нуди вегански ентериер за S-класата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen има нов модел на пикап

Читај повеќе

Возачи, кој има првенство на минување на оваа раскрсница?

Читај повеќе

Škoda постави нов рекорд: Чесите произведоа над милион возила во 2025 година

Читај повеќе

Audi повторно го менува начинот на кој ги именува своите модели

Читај повеќе

Колку гориво треба да имате во резервоарот? 

Читај повеќе