Како ќе влијае алкохолот врз вас? Зависи од вашиот пол, возраста, метаболизмот, тежината, потоа видот на алкохол што сте го пиеле, што сте јаделе пред да пиете и нивото на стрес на кое сте изложени.
Алкохолот останува во телото долго време, што ја зголемува опасноста во сообраќајот. Во Велика Британија, една четвртина од возачите биле казнети за возење под дејство на алкохол помеѓу 5 и 11 часот наутро (а законската граница таму е 0,8 промили, повисока отколку во нашата земја). Што ни кажува ова? По една ноќ пиење, алкохолот останува во телото и возачите сè уште не се подготвени да седнат зад воланот на автомобил.
Затоа, бидете внимателни со алкохолот, а особено кога проценувате кога можете да возите. Како ќе влијае алкохолот врз вас? Зависи од вашиот пол, возраста, метаболизмот, тежината, потоа видот на алкохол што сте го пиеле, што сте јаделе пред да пиете и нивото на стрес на кое сте изложени.
Британската организација за безбедност на патиштата Road Respect ја анализираше консумацијата на алкохол и способноста за возење и издаде препораки за тоа колку долго треба да чекате по пиењето, односно колку долго алкохолот останува во телото.
Обидете се да ги следите овие упатства за да ги избегнете сите можни сообраќајни проблеми, од трагични до финансиски.
Чаша вино (13,5 проценти алкохол)
Еден пијалак – 3,5 часа
Два пијалаци – 7 часа
Три пијалаци – 10,5 часа
Четири пијалаци – 14 часа
Пет пијалаци – 17,5 часа
Чаша жесток пијалак (40 проценти алкохол)
Еден пијалак – 1,5 часа
Два пијалаци – 3 часа
Три пијалаци – 4,5 часа
Четири пијалаци – 6 часа
Пет пијалаци – 7,5 часа
Пиво, лагер (5 проценти алкохол)
Еден пијалак – 2,5 часа
Два пијалаци – 5 часа
Три пијалаци – 7,5 часа
Четири пијалаци – 10 часа
Пет пијалаци – 12,5 часа.