По Volkswagen, и Mercedes размислува за производство на оружје

По Volkswagen, Mercedes исто така размислува за премин во производство на оружје, објавија германските медиуми. 

„Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да играме позитивна улога во овој процес“, изјави извршниот директор на Mrcedes-Benz, Ола Керлениус, за Wall Street Journal.

Керлениус верува дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е погодна за производство на оружје. Во исто време, тој рече дека производството на автомобили ќе остане основен сектор на Мерцедес, а производството на оружје ќе биде споредна активност.

Ова може да биде „растечка производствена ниша што би придонела за целокупниот деловен резултат“, рече Келениус, додавајќи дека Mercedes веќе активно учествува во зајакнувањето на безбедноста и подготвеноста на НАТО.

„Многу варијанти на нашата Г-класа работат низ целиот свет како воени возила“, нагласи Келениус. Пред Mercedes, Volkswagen исто така го објави својот влез во воената индустрија.

Според германските медиуми, фабриката за каросерии во Оснабрик би можела да ја преземе израелскиот концерн Рафаел, кој би произведувал делови за својот противракетен систем „Железна купола“ во северна Германија.

Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, исто така, најави зголемено вклучување во секторот за воен транспорт. Германската автомобилска индустрија се соочува со пад на побарувачката веќе неколку години по ред и најави отпуштања на неколку илјади работници и затворање на фабрики.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Авто новости

Audi го покажа новиот Q7 по 11 години чекање

Read more

Маск повторно излажа: Ново одложување на најголемото ветување на Tesla 

Read more

Како изгледа Peugeot e-208 GTi во сериско издание?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Автомобили

  • filter

Audi го покажа новиот Q7 по 11 години чекање

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск повторно излажа: Ново одложување на најголемото ветување на Tesla 

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа Peugeot e-208 GTi во сериско издание?

Читај повеќе
  • filter

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Читај повеќе

Сообраќајни знаци што често ги збунуваат возачите: Кој има предност?

Читај повеќе
  • filter

Audi го претставува својот прв супер-автомобил со хибриден погон со високи перформанси

Читај повеќе

Volkswagen е убеден во иднина со електрични возила

Читај повеќе
  • filter

Škoda откри скици од најновиот електричен Peaq со седум седишта

Читај повеќе
  • filter

Балкански сон: Дали златната G-класа е претерување или ремек-дело?

Читај повеќе