Porsche ја претстави новата стратегија до 2035 година

Porsche AG ја претстави својата стратегија Sportwagenschmiede ’35, фокусирајќи се на среднорочни цели и амбиции. Легендарниот бренд од Цуфенхаузен има за цел дополнително да го зајакне и развие својот идентитет како производител на спортски автомобили преку нови производи и технологии.

Sportwagenschmiede ‘35 –  Driven by the love for sports cars - под ова мото, Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG ја претставува својата нова стратешка насока. Примарната цел е дополнително зајакнување на позицијата на Porsche како еден од најпосакуваните производители на спортски автомобили.

Основата за ова е уникатното позиционирање на брендот. Благодарение на портфолиото на производи што ги опфаќа сегментите на спортски луксуз и врвни спортски автомобили од високата класа (premium), производителот може да оствари високи приноси во премиум сегментот, истовремено проширувајќи го својот бизнис.

Компанијата ќе продолжи да се води според принципот Value over Volume. Во комбинација со поедноставена, побрза и пофлексибилна организација и поефикасни процеси, Porsche цели кон значително пониска точка на рентабилност – ниво што треба да се постигне при обем на продажба од помалку од 200.000 возила.

На среден рок, компанијата цели кон оперативен принос од продажбата за Групацијата од 10 до 15 проценти и маржа на нето-паричен тек во автомобилскиот сегмент од 9 до 12 проценти. Долгорочната стратешка цел е оперативна маржа од 15 проценти од приходите на Групацијата и маржа на нето-паричен тек од 12 проценти во автомобилскиот сегмент.

За таа цел, договорен е пакет мерки насочени кон иднината со претставниците на вработените; покрај социјално одговорното намалување на бројот на вработени што опфаќа околу 9.000 лица, ова вклучува и гаранција за зачувување на работните места за постојаниот персонал до 2035 година. Веќе се преземени значајни чекори за фокусирање на основната дејност на компанијата. Тие вклучуваат продажба на уделите во Rimac и Bugatti Rimac, потпишување договор за продажба на консултантската подружница MHP, како и планирано прекинување на активностите за развој и производство во Cellforce Group, Porsche eBike Performance и Cetitec.

Понатаму, Porsche ќе има корист од проширеното портфолио на производи. Ова започнува со целосно електричните модели 718 Boxster и Cayman, за кои се очекува да го поттикнат растот на продажбата во 2028 година – нивната прва целосна година на производство. Во 2028 година ќе биде претставен и нов SUV-модел од Б-сегментот, кој ќе се нуди покрај актуелниот целосно електричен Macan. По почетокот на сериското производство во 2028 година, се очекува ова ново возило – опремено со мотор со внатрешно согорување и plug-in хибриден погон – да даде значителен придонес кон приходите и профитабилноста на компанијата уште во 2029 година. 

Плановите за понатаму вклучуваат воведување нови модели, првенствено во високопрофитабилните сегменти D и E, со цел дополнително да се подобрат деловните резултати. По очекуваниот врв на инвестициите во 2026 година, се очекува инвестициите и расходите за истражување и развој значително да се намалат на среден рок. Целта не е само пониско ниво на инвестиции, туку и пофокусиран пристап во комбинација со поголема дисциплина во управувањето со трошоците.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Авто новости

Италија планира да казнува за пребавно возење

Read more

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Read more

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Read more

CUPRA повторно успева: Новиот Raval е номиниран за Автомобил на годината 2027

Read more

Автомобили

Италија планира да казнува за пребавно возење

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Читај повеќе
  • filter

BMW M 1000 RS: Најмоќниот „гол“ мотоцикл во светот

Читај повеќе

Nissan подготви три екстремни теренски концепти за саемот SEMA

Читај повеќе

CUPRA повторно успева: Новиот Raval е номиниран за Автомобил на годината 2027

Читај повеќе
  • filter

Кинезите го напаѓаат европскиот луксуз: Новиот Xpeng SUV има 585 КС

Читај повеќе

Криза во Volkswagen: Дали е ова крај нa електричниот Golf?

Читај повеќе
  • play_arrow

Една третина од возачите не знаат што индицира овој симбол

Читај повеќе