Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Изминатите четири дена беа во знакот на врвните перформанси, луксузот и неповторливото уживање во возењето. Porsche Center Skopje успешно го организираше овогодинешното издание на ексклузивниот настан Porsche Road Show, кој обедини совршена комбинација од спортски дух, иновативна технологија и живописни предели.

Настанот се одвиваше во текот на четири дена, при што секој ден група од по 20 гости – претставници на медиумите, влијателни личности од дигиталната сфера (инфлуенсери) и љубители на брендот – имаа уникатна можност да ги тестираат најновите и најмоќните модели на Porsche.

Караванот стартуваше од Porsche Center Skopje, од каде што учесниците преку живописната рута до Неготино заминаа кон крајната дестинација – винарија „Лазар“. По динамичното возење и дружењето во уникатниот амбиент на винаријата, учесниците се упатија назад кон Скопје, заокружувајќи го незаборавно автомобилско искуство.

Вкупно 12 ексклузивни возила ја покажаа својата супериорност на патот:

  • 911 Turbo S Coupe и 911 Turbo S Cabriolet – Иконите на Porsche кои ги дефинираат перформансите на патеката и патот.
  • Taycan Turbo S Cross Turismo и Taycan GTS – Целосно електричниот шарм кој докажува дека иднината на спортските автомобили е веќе тука.
  • Cayenne Electric Turbo и Cayenne Electric Turbo Coupe – Новата ера на целосно електрични луксузни SUV модели.
  • Cayenne S PHEV Black Edition и Cayenne PHEV Black Edition – Моќни хибриди во елегантно и доминантно издание.
  • Panamera Turbo PHEV и Panamera Turbo S PHEV – Врвен спој на лимузински комфор и хибридна спортска моќ.
  • Два модела Macan GTS – Практични, но исклучително динамични компактни SUV возила со препознатлив GTS карактер.

Во текот на сите четири дена, 80-те гости со караванот поминаа вкупно 13.800 километри, тестирајќи ги перформансите на сите погонски системи: од класичните бензински мотори со внатрешно согорување, преку напредните plug-in хибриди, сѐ до целосно електричните BEV модели.

„Porsche Road Show е повеќе од обично пробно возење – тоа е искуство кое ја пренесува самата суштина на брендот Porsche. Горди сме што преку оваа рута, во добро друштво и под совршени услови, успеавме на нашите гости да им овозможиме одблизу да ги почувствуваат моќта, прецизноста и емоцијата што ги нуди секој од овие 12 модели“, изјавија од тимот на Porsche Center Skopje.

Настанот уште еднаш ги потврди лидерските позиции на брендот Porsche во однос на иновациите, одржливоста и беспрекорната инженерска совршеност.

Тагови
реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Авто новости

Кој се префрли „на струја“ веќе не се враќа назад

Read more

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Read more

Знаете ли дека при брзина од 50 км/ч, за само секунда невнимание автомобилот минува околу 14 метри „на слепо“?

Read more

Доаѓа кинескиот EV ривал на Volkswagen и Renault во Европа

Read more

Автомобили

Кој се префрли „на струја“ веќе не се враќа назад

Читај повеќе

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Читај повеќе

Знаете ли дека при брзина од 50 км/ч, за само секунда невнимание автомобилот минува околу 14 метри „на слепо“?

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа кинескиот EV ривал на Volkswagen и Renault во Европа

Читај повеќе
  • filter

BMW претстави „ѕверка“ со дискретна балистичка заштита

Читај повеќе
  • filter

Изгледа како автомобил од иднината, а е инспириран од легенда од 80-тите

Читај повеќе

Porsche ја претстави новата стратегија до 2035 година

Читај повеќе

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Читај повеќе