Porsche Taycan Turbo GT постави нови рекорди на две патеки

 

Porsche го продолжи низот рекорди со Taycan Turbo GT кој постави нови времиња за најбрз сериски електричен автомобил на две познати патеки.

Porsche навистина има фетиш за рекорди. Не нè чуди тоа кога знаеме колку вложува во возачките потенцијали на возилата. Најновите успеси доаѓаат од две патеки. На патеката Road Atlanta во Џорџија професионалниот возач Патрик Лонг постави ново рекордно време од 1:27.1 минути на 4,088 км долга патека, што е за повеќе од шест секунди побрзо од претходниот рекорд на Taycan Turbo S од 2020 година.

Во Абу Даби, на патеката Yas Marina Circuit од Формула 1, возачот Рамез Азам го сруши рекордот со време од 2:07.2 минути на 5,281 км долга патека, само 1,1 секунда побавно од рекордот за touring автомобили. Возењето беше реализирано ноќе поради екстремно високите дневни температури.

Двата рекорда се постигнати со Taycan Turbo GT опремен со Weissach пакетот, најмоќниот сериски Porsche што некогаш бил произведен, кој развива повеќе од 1.100 КС во Attack мод.

Овие успеси ја продолжуваат серијата рекорди на Taycan Turbo GT кој веќе постави рекорди на Интерлагос, Shanghai International Circuit, Laguna Seca и легендарниот Нирбургринг каде постави време од 7:07.5 минути, дури 26 секунди побрзо од претходниот рекорд.

Моделот користи напредна Porsche Active Ride суспензија и интелигентна лесна конструкција која е за 75 кг полесна од моделот Turbo S. Нема сомнеж дека приказните со рекорди ќе продолжат да пристигаат од Porsche.

Remote video URL
Тагови
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Read more

Авто новости

Како Škoda Octavia постигна екстремни 365 км/час пред 15 години?

Read more

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Read more

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Read more

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Read more

Автомобили

  • filter

Како Škoda Octavia постигна екстремни 365 км/час пред 15 години?

Читај повеќе

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Читај повеќе
  • filter

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Читај повеќе

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Читај повеќе

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Читај повеќе

Се продава еден од најгрдите спортски автомобили во историјата, цената е мизерна

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа најнеобичниот Range Rover досега – SUV или седан? 

Читај повеќе

Кој чекаше, дочека: Електричните автомобили драстично поевтинија

Читај повеќе