Citroën, Dacia, Fiat, Kia, Mercedes, Renault и Škoda се во трка за посакуваната титула.
Списокот од седум финалисти кои ќе се натпреваруваат за престижната титула „Автомобил на годината 2026“ е официјално објавен.
Шеесет членови на жирито од 23 европски земји избраа од 35 модели од поширок избор, а победникот ќе биде објавен на 9 јануари 2026 година, на Меѓународниот саем за автомобили во Брисел.
Во септември, кандидатите го положија својот прв голем тест во Данска, а сега, по првиот круг гласање, е познато кои седум модели ќе одат во финалето: Citroën C5 Aircross, Dacia Bigster, Fiat Grande Panda, Kia EV4, Mercedes-Benz CLA, Renault 4 и Škoda Elroq.
Во наредните недели, членовите на жирито ќе имаат можност темелно да ги тестираат финалистите и да го дадат својот глас за да го изберат најдобриот автомобил во Европа за 2026 година.
Заеднички тест на сите седум модели ќе се одржи во Шпанија, на патеката Парк Мотор Кастелоли, пред финалното гласање.
За прв пат, овој тежок финален тест ќе се одржи во Шпанија, со цел да се искористат поволните временски услови и уникатните пејзажи на областа Монтсерат, во близина на Барселона.
За конечната одлука, секој член на жирито има на располагање 25 поени, со максимум 10 поени што може да се доделат на еден автомобил, и мора да гласа за најмалку пет од седумте финалисти, вклучувајќи го и моделот што го сметаат за победник.
Минатата година, титулата Европски автомобил на годината ја освои Renault 5/Alpine A290, кој во финалето победи шест конкуренти (Alfa Romeo Junior, Citroën C3/eC3, Cupra Terramar, Dacia Duster, Hyundai Inter и Kia EV3).
Renault/Alpine освои најмногу гласови со 353 поени, пред Kia EV3 со 291 поен и Citroën C3/eC3 кој собра 215 поени.
Четвртото место го освои Hyundai Interster (172 поени), петтото Dacia Duster (168 поени), шестото Cupra Terramar (165 поени), додека седмото место го освои Alfa Romeo Junior со 136 поени.