Претставен е новиот Renault Clio

Renault Clio, кој поставува стандарди во својата категорија веќе 35 години, ја претставува својата шеста генерација со сосема нов дизајн и напредна технологија. Како најпродаван француски автомобил на сите времиња со речиси 17 милиони продадени единици во 120 земји, Clio продолжува да доминира на европскиот пазар.

Помоќен и поефикасен хибриден погон

Новата генерација носи помоќен E-Tech хибриден погон со 160 КС, кој во исто време е поефикасен со рекордно ниски 89 g CO2/km и потрошувачка од само 3,9 l/100 km. Овој хибрид заштедува до 40% гориво во споредба со конвенционалниот бензински мотор, а до 80% од времето на возење може да се одвива на електрична енергија.

Напреден ентериер и технологија

Внатрешноста е подобрена со рециклирани материјали, двоен екран во форма на V со мултимедијален систем OpenR Link со вградени услуги на Google, прв во својата категорија со вакви карактеристики. Новото Clio нуди 29 напредни системи за помош на возачот (ADAS).

Низ својата историја, Clio разви бројни иконски верзии, од луксузните Baccarat и Initiale Paris до спортските 16 S и Williams, а не го забораваме и неверојатниот Clio V6 со заден средишен мотор. Двапати ја освои престижната титула Европски автомобил на годината (1991 и 2006 година).

Испораки на почетокот на 2026 година

Фабрис Камболив, извршен директор на брендот Renault, нагласува: „Clio отсекогаш бил културен маркер, важен дел од идентитетот на Renault. Кога ќе помислите на Clio, помислувате на Renault и обратно!“

Новото Renault Clio ќе биде достапно за нарачка пред крајот на годината. Се надеваме дека сепак ќе има привлечна цена.

Тагови
реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Авто новости

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Новинарките го избраа најдобриот голем SUV

Read more

Volvo направи електричен SUV со кој ќе можете да разговарате

Read more

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Read more
 

Автомобили

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Читај повеќе

Новинарките го избраа најдобриот голем SUV

Читај повеќе

Volvo направи електричен SUV со кој ќе можете да разговарате

Читај повеќе

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Читај повеќе
  • play_arrow

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Читај повеќе

Од денеска ќе се вози со 30 км/час во центарот на Рим

Читај повеќе
  • filter

Првиот BMW M3 „на струја“ ќе има четири електрични мотори

Читај повеќе

Mercedes бележи голем пад на продажбата

Читај повеќе

Колку гориво навистина заштедува системот старт-стоп?

Читај повеќе