Профитот на Volkswagen падна за 28 проценти, слаба продажба во Кина и САД

Volkswagen во својот извештај соопшти дека имало нов пад на профитот во првиот квартал од 2026 година, откако послабата продажба на клучните пазари и континуираните предизвици во индустријата го оптоварија најголемиот европски производител на автомобили.

Нето добивката падна за 28,4 проценти на годишно ниво на 1,56 милијарди евра во периодот јануари-март, соопшти германската компанија. Една година претходно, Volkswagen забележа профит од 2,19 милијарди евра, што веќе претставуваше пад од 41 процент во споредба со претходната година.

Приходите паднаа за 2,5 проценти на 75,7 милијарди евра, додека оперативната маржа „се лизна“ на 3,3 од 3,7 проценти една година претходно.

„Војните, геополитичките тензии, трговските бариери, построгите регулативи и интензивната конкуренција создаваат притисок“, рече извршниот директор Оливер Блуме.

Групацијата останува под притисок од слабата продажба во Кина и САД. Глобалните испораки кај сите брендови се намалија за 4 проценти на 2,05 милиони возила, при што падот во тие региони го компензираше растот во Европа.

Заработката беше дополнително намалена од слабите резултати на луксузниот спортски бренд Porsche, каде што нето-добивката се намали за речиси една четвртина, и подружницата за камиони Traton, која објави значителен пад на профитот поради специјални еднократни трошоци.

Тагови
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Авто новости

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Read more

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Read more

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Автомобили

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе