Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

За бренд чии фанови до неодамна жестоко ги бранеа бензинските мотори и рачните менувачи, Porsche сега продава сè повеќе електрични возила.

Производителот со седиште во Штутгарт ги објави бројките за производство и испорака за првиот квартал, откривајќи како преференциите на клиентите брзо се менуваат.

Во периодот од јануари до март на клиентите им се испорачани 71.470 возила, од кои 25,9 отсто се целосно електрични возила (BEV).

Покрај тоа, plug-in хибридите сочинуваа уште 12,6 отсто од испораките, што значи дека вкупно 38,5 отсто од сите Porsche во првиот квартал од 2025 година имале електрифициран погон.

Електричниот Macan ја турка продажбата напред

Посебно е интересно што Porsche моментално има само две главни линии на BEV, Taycan и Macan EV, а Macan се појави само во електрична верзија пред една година.

Електричниот Macan е тој што сега го движи овој продажен моментум.

„Macan се претстави многу добро во првиот квартал, а неговата целосно електрична варијанта дава значаен придонес во зголемувањето на нашата стапка на електрификација. Генерално, имаме многу избалансиран спој на технологии за возење, што ги одразува различните преференции на клиентите ширум светот“, рече Матијас Бекер, член на Управниот одбор за продажба и маркетинг во Porsche AG.

Силен раст во САД, голем пад во Кина и Германија

Иако вкупните испораки беа намалени за 8 отсто во споредба со истиот период во 2024 година, Северна Америка забележа раст од 37 отсто, со испорачани 20.698 возила.

Европа падна за 10 отсто, а само Германија забележа пад од дури 34 отсто во споредба со првиот квартал од 2024 година. Во останатиот дел од Европа се испорачани 18.017 возила, не сметајќи ги германските бројки.

Од Porsche велат дека падот делумно е резултат на исклучително силните бројки од минатата година, кога имаше „ефект на компензација“ поради одложениот увоз на крајот на 2023 година, па испораките во првиот квартал од 2024 година беа невообичаено високи.

Но, Кина забележа најголем пад - испорачани се 9.471 возило, што е за 42 отсто помалку од истиот период минатата година.

Електрификацијата продолжува, но не насекаде

„Во иднина, ќе продолжиме да одговараме на различните барања на нашите клиенти со стратегија која ги вклучува сите три опции за возење – за спортски двоседи, седани и теренци – барем до 2030-тите“, рече Бекер.

Сепак, на Porsche не брзаат целосно да ги електрифицираат сите модели, а 911 сè уште е симболичен и практичен бастион на бензинскиот мотор. Но, се чини дека е само прашање на време кога ќе се појави целосно електричен 911 или модел кој визуелно и технички наликува на 911, но со друго име.

Доаѓаат следните електрични модели:

Cayenne EV - подоцна оваа година

718 Boxster и Cayman BEV – 2027 година

Panamera EV – точниот датум е непознат

Сето ова покажува дека ерата на електрична енергија не е минлив тренд, туку насока во која Porsche стабилно се движи.

Тагови
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Авто новости

Зошто не треба да ја вклучите климата веднаш штом влезете во автомобилот?

Read more

Златниот Mercedes G-класа е гласен статусен симбол

Read more

Електричното Ferrari ќе почека

Read more

Како Audi ги прескокнува царините на Трамп?

Read more
 

Автомобили

Зошто не треба да ја вклучите климата веднаш штом влезете во автомобилот?

Читај повеќе
  • filter

Златниот Mercedes G-класа е гласен статусен симбол

Читај повеќе

Електричното Ferrari ќе почека

Читај повеќе

Како Audi ги прескокнува царините на Трамп?

Читај повеќе

Крај на измамите со вратена километража на возила

Читај повеќе

Новото Volvo XC70 вози на бензин, но и „на струја“

Читај повеќе

Колкава е казната ако останете без гориво на автопат во Германија?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новото Југо?

Читај повеќе

MAN вложува половина милијарда евра во иднина „на струја“

Читај повеќе