Сервисна акција на одредени Škoda возила

Škoda наскоро ќе започне со превентивна сервисна акција за одредени возила од моделските серии Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq.

Акцијата се однесува на одредени возила од моделските серии, произведени од 2015 до 2024 година и со специфична комбинација на компоненти. Опфатот на возилата се утврдува прецизно според идентификацискиот број на возилото (VIN), поради што не се однесува на сите возила од наведените моделски серии.

При интерните проверки на квалитетот е утврдено дека, под одредени зимски услови и по долгогодишна изложеност на сол од патиштата, кај прицврстувачката завртка во управувачкиот систем може да се појави корозија. Доколку корозијата напредува, во изолирани случаи може да дојде до нарушување на цврстината, што потенцијално би можело да влијае врз функцијата на управувањето.

Станува збор за сценарио со исклучително мала веројатност на појава, особено во услови карактеристични за нашето поднебје. Сепак, согласно највисоките стандарди на Škoda за безбедност и квалитет, производителот презема превентивни мерки и ги повикува сопствениците на опфатените возила да ја извршат потребната сервисна интервенција.

До денес нема ниту една пријава за повреди на лица или предизвикана материјална штета поврзани со ова прашање.

Како дел од сервисната акција, кај опфатените возила прицврстувачката завртка ќе биде заменета со подобрена, специјално заштитена компонента со повисока отпорност на корозија. Целокупната интервенција ќе трае најмногу половина час и ќе биде извршена без никаков трошок за сопствениците на возилата во овластените Škoda сервисни центри.

Сопствениците на возилата опфатени со сервисната акција ќе бидат писмено известени од страна на овластените Škoda сервисни партнери, штом официјално започне сервисната акција. Во известувањето ќе бидат наведени сите потребни информации за понатамошното постапување и реализација на сервисната интервенција.

Покрај тоа, на интернет страницата на Škoda Macedonia е поставен линк преку кој, со внесување на бројот на шасија, секој сопственик ќе може да провери дали неговото возило е засегнато од оваа акција и ќе може да закаже термин за интервенцијата.

Škoda Auto и Porsche Macedonia остануваат посветени на највисоките стандарди за безбедност и квалитет и на навремено преземање на сите потребни превентивни мерки во интерес на своите клиенти.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Авто новости

Италија планира да казнува за пребавно возење

Read more

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Read more

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Read more

CUPRA повторно успева: Новиот Raval е номиниран за Автомобил на годината 2027

Read more

Автомобили

Италија планира да казнува за пребавно возење

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Читај повеќе
  • filter

BMW M 1000 RS: Најмоќниот „гол“ мотоцикл во светот

Читај повеќе

Nissan подготви три екстремни теренски концепти за саемот SEMA

Читај повеќе

CUPRA повторно успева: Новиот Raval е номиниран за Автомобил на годината 2027

Читај повеќе
  • filter

Кинезите го напаѓаат европскиот луксуз: Новиот Xpeng SUV има 585 КС

Читај повеќе

Криза во Volkswagen: Дали е ова крај нa електричниот Golf?

Читај повеќе
  • play_arrow

Една третина од возачите не знаат што индицира овој симбол

Читај повеќе