Велосипедистите се една од најранливите групи во сообраќајот, а Холанѓаните смислиле како да им помогнат на едноставен начин.
„Холандски зафат“ е едноставно правило за возачите на автомобили.
Во Холандија, каде што автомобилите и велосипедите често се среќаваат на исти патишта, особено е опасно кога вратата од автомобилот се отвора на страната на возачот или совозачот - токму таму каде што често поминуваат велосипедистите.
Невнимателно отворање на вратата може да доведе до судир, при што велосипедистот удира во вратата.
Снаодливите Холанѓани дошле до решение. Суштината е едноставна: на возачите (или на патниците што излегуваат од левата страна на возилото), особено во градовите со многу велосипедисти, им се препорачува да ја отворат вратата со десната, наместо со левата рака иако е поблиску (за совозачот е обратно - ја користи левата рака).
Така, тие се принудени да го ротираат горниот дел од телото и да погледнат зад нив, со што лесно ќе забележат дали им се приближува велосипедист.
Дека „холандскиот зафат“ не е наивно решение сведочи и фактот што британското Министерство за транспорт го вклучи во официјалните препораки за возачите.
Истото го направи и германскиот совет за безбедност во сообраќајот (DVR), кој ги советува возачите да ги проверат сите ретровизори и да го користат „холандскиот зафат“ пред да излезат од возилото.
Сè на сè, слична практика би можела да се воведе и кај нас како дел од препораките до возачите и патниците - да бидат повнимателни кон велосипедистите и да усвојат едноставно, но ефективно движење кое може да спаси живот.