Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

ADAC пресмета кој тип на погон е најевтин, споредувајќи ги трошоците на електричните автомобили, plug-in хибридите, бензинците и дизелашите.

Секојдневно на пазарот се појавуваат сè повеќе пристапни електрични автомобили, а нивните цени – за разлика од бензинците и дизелашите – имаат тенденција на намалување. Но, како стојат работите кога ќе се земат предвид сите трошоци?

Германскиот авто-клуб ADAC пресмета кој тип на погон е најповолен, споредувајќи ги вкупните трошоци на електричните автомобили, plug-in хибридите и возилата со мотори со внатрешно согорување, а вистината не е воопшто охрабрувачка за електричните возила.

Во текот на април, експертите на ADAC спроведоа голема анализа на вкупните трошоци на возење за да пресметаат дали се исплати преминот на електричен автомобил или plug-in хибрид.

Резултатите се прилично неповолни за „зелените“ алтернативи. Кога ќе се земат предвид сите трошоци – од набавната цена, оперативните трошоци и одржувањето, до амортизацијата – бензинците или дизелашите се во предност, зависно од конкретниот модел.

Иако цените на новите електрични автомобили паѓаат, тие и понатаму генерално се поскапи од возилата со мотори со внатрешно согорување, што негативно влијае на нивната амортизација и со тоа на вкупните трошоци.

Зголемените трошоци за полнење на јавни полначи, како и моментално релативно ниските цени на бензинот и дизелот, дополнително придонесуваат за фактот дека возилата со внатрешно согорување се уште се поповолни кога се гледа вкупната исплатливост.

За разлика од возилата со внатрешно согорување, кај кои ADAC ги пресметал трошоците користејќи ги просечните цени на горивата од последните три месеци, трошоците за електрична енергија за EV во голема мера зависат од индивидуалните околности.

На пример, некој што полни речиси исклучиво дома, има сопствен соларен систем и користи динамична тарифа за струја, има значително пониски трошоци за енергија во споредба со некој што целосно се потпира на јавна инфраструктура за полнење, која моментално има високи цени.

Поради тоа, ADAC направи четири различни пресметки на трошоците врз основа на различни цени на електричната енергија, и ги спореди бензинските, дизел, plug-in хибридните и електричните верзии на возилата.

Земени се следните трошоци за струја:

  • 18 центи/kWh за полнење преку сопствен соларен систем (со претпоставка дека соларната енергија не е секогаш достапна),
  • 35 центи/kWh за стандардна домашна тарифа,
  • 45 центи/kWh за комбинација од домашно и повремено јавно полнење,
  • 60 центи/kWh за исклучиво јавно полнење.

Со цена на струја од 60 центи по киловат-час, електричните автомобили воопшто не се конкурентни во споредба со автомобилите на бензин или дизел.

Само кај 16% од анализираните модели возењето EV било поевтино од возењето возило со внатрешно согорување.

Со цена на струја од 45 центи, само 22% од електричните модели биле исплатливи, а кај цена од 35 центи тој удел се зголемува на 28%.

Дури и оние што имаат најповолни услови за полнење (18 центи/kWh) обично плаќаат повеќе од сопствениците на бензинци или дизелаши. Дури и тогаш, електричните автомобили биле исплатливи само во 36% од случаите.

ADAC заклучува дека електричните автомобили реално ќе можат да конкурираат на возилата со внатрешно согорување дури кога цените на електричната енергија и набавните цени на самите EV модели дополнително ќе паднат.

реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Read more

Авто новости

Нов репер во компактната класа: Претставен целосно новиот Audi Q3

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Кои се главните адути на новиот Audi Q5?

Read more

Што ќе прават заедно Alfa и Maserati?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Нов репер во компактната класа: Претставен целосно новиот Audi Q3

Читај повеќе

Европа пред нова автомобилска револуција

Читај повеќе

Кои се главните адути на новиот Audi Q5?

Читај повеќе

Што ќе прават заедно Alfa и Maserati?

Читај повеќе

Volvo е првиот производител кој ќе користи рециклиран челик без емисии

Читај повеќе

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Читај повеќе

Дали акумулаторот ќе ве остави на цедило токму пред да тргнете на летување?

Читај повеќе

Kia: Немаме друг избор

Читај повеќе
  • play_arrow

Volkswagen го пушта во продажба Polo Edition 50

Читај повеќе